Пирс Броснан е лудо вљубен во сопругата и по 22 години брак: „60 рози за мојата сакана, за 60-тиот роденден“
- Детали
- вторник, 26 септември 2023
За 60-тиот роденден, Пирс Броснан ја изненадил сопругата со букет од 60 рози и уште еднаш покажа дека тој и Кели дефинитивно се најсреќниот холивудски пар. Актерот не штеди на убави зборови кога зборува за саканата со која е во брак 22 години, a која светските меидуми неретко ја ставаат на тапет поради вишокот килограми.
Пирс Броснан и сопругата Кели важат за еден од најсреќните парови во Холивуд – заедно се скоро 30 години, во брак се 22, а се чини дека нивната љубов само се зголемува од ден на ден.
Сега, пак, актерот покажа дека е вистински романтичар – нешто што дефинтивно има удел во нивниот среќен брак.
Во понеделникот (25.09) Кели го прослави 60-тиот роденден, а по тој повод сопругот Пирс ја изненадил со букет од 60 рози.
Тој сподели и фотка од слаткиот гест, а се присети и на мигот кога првпат ја здогледал.
„60 рози за мојата девојка со кафени очи за нејзиниот 60-ти роденден.
Засекогаш ќе бидам среќен и благословен што седев таму кога се појави ти едно рано утро во Кабо Сан Лукас“, стои во описот.
На фотката Пирс и Кели позираат прегрнати, а пред нив се гледа дел од букетот.
Актерот редовно споделува фотки со саканата, а одвреме-навреме се присетува и на убавите денови од минатото со ретро фотографии.
Скоро секогаш, во описот на објавите има само комплименти за Кели и не штеди на убави зборови кога ја опишува неговата љубов кон неа.
Во август годинава, тие ја прославија 22-рата годишнина од бракот. Тогаш Кели сподели фотки од свадбата, но и датумите на венчавката (08.04.2001) и денот кога се запознале (04.08.1994).
Пирс и Кели отишле на нивниот прв состанок само неколку дена откако се запознале, и оттогаш се неразделни.
Заедно се скоро 30 години и заслужено ги нарекуваат најсреќниот пар во Холивуд.
Спирова С. | Црнобело