Тори Спелинг стана мета на критики - Нема пари и спие во евтини мотели, а троши на филери и пластични операции
- Детали
- сабота, 23 септември 2023
„Не разбирам, ако си толку сиромашна, како можеш да си дозволиш филери на лицето?“ Тори Спелинг предизвика дебата со нејзините нови Инстаграм објави на кои изгледа како да направила неколку корекции на лицето. Фановите ја критикуваат бидејќи пред само еден месец беше забележана во евтин мотел, а потоа и во камп-приколка со децата бидејќи наводно немала пари.
Финансиските проблеми на Тори Спелинг не се ништо ново, но сега фановите се сомневаат дека можеби лаже за нејзината ситуација.
Летово, ѕвездата од Beverly Hills беше забележана како отседнува во евтин мотел во САД со нејзините деца. Потоа со децата беа на одмор во камп-приколка, по што се засилија гласините дека актерката нема пари за друго сместување.
„Тори е на одмор со децата со буџет што ѝ одговара. Знае дека ќе привлече внимание бидејќи не е гламурозно патување, но во реалноста, во моментот може да си го дозволи само ова“, изјави извор близок до неа.
Пред околу еден месец, актерката беше фотографирана како излегува од болница во инвалидска количка, со модринка на лицето, но не откри какви здравствени проблеми имала.
И, додека фановите ја сожалуваа, сега Тори сподели фотки и видеа на кои е очигледно дека има ставено филери.
Во коментари на Инстаграм објавата, нејзините следбеници дебатираат дали воопшто има финансиски проблеми штом може да си дозволи скапи третмани за убавина.