Трансформацијата на сестрите Кардашијан пред vs. по пластичните операции
Кортни Кардашијан
Кортни Кардашијан има направено операција на градите, а има изјавено дека сега жали за оваа одлука.
Кортни тврди дека нема направено пластични операции на лицето, како и дека не користи ботокс и слични процедури.
Ријалити ѕвездата тврди дека нејзиниот добар изглед се должи на други скапи третмани, како инјектирање на нејзината крв во лицето.
Кендал Џенер
Кендал Џенер се нема променето многу, но извесен период се појавија гласни дека направила операција на носот.
Таа до денес ги негира овие гласини.
Додека можеби навистина нејзиниот нос е природен, многумина сметаат дека сигурно користи барем филери на усните.
Крис Џенер
Крис Џенер е најотворена за нејзините операции процедури.
Во минатото ги зголемила градите, па ги намалила, а во неколку пригоди има изјавено дека користи ботокс, филери и бројни други третмани за разубавување.
Спирова С. | Црнобело