Трансформацијата на сестрите Кардашијан пред vs. по пластичните операции
- Детали
- сабота, 23 септември 2023
Од филерите за усни на Кајли Џенер до операцијата на носот на Клои Кардашијан, сестрите од кланот Кардашијан-Џенер се непрепознатливи во споредба со постари фотки.
Многу девојки и жени се споредуваат со сестрите од кланот Кардашијан-Џенер, и покрај тоа што скоро сите од нив имаат признаено дека користат филери, ботокс, па и дека направиле пластични операции.
„Изгледаат убаво и на двата начина, но ова нека ви биде потсетник дека кога се споредувате со она што го гледате онлајн, се споредувате со работата на најдобрите доктори, шминкери, стилисти и Фотошоп.
Не дозволувајте социјалните мрежи да ве лажат!“, изјави пластичниот хирург Раду Рабан од САД.
Па, колку навистина се променија Кардашијанс?
Ким Кардашијан
Уште во 2010 година Ким Кардашијан откри дека користи ботокс.
Јавноста е убедена дека има направено и операција на носот, но ријалити ѕвездата го негира ова.
Клои Кардашијан
Трансформацијата на Клои е повеќе од очигледна.
Самата има изјавено дека направила операција на носот, како и дека користи филери.
Клои сподели дека не користи ботокс бидејќи наводно имала лоша реакција од него.
Кајли Џенер
Иако беше очигледно дека користи филери или нешто слично на усните, Кајли Џенер упорно тврдеше дека нејзиното лице е природно.
Подоцна Кајли призна дека користела филери, како и дека ги зголемила градите на 19-годишна возраст.