Беше целосно парализиран, сакал да се самоубие за да не ѝ биде товар на сопругата – Факти за Кристофер Рив, актерот што го глумеше Супермен
Кариерата на актерот се движеше во нагорна линија, а во меѓувреме имаше една сериозна врска, но потоа се венча со друга жена
Додека го снимаше првиот филм за Супермен, актерот започна 10-годишна врска со Гае Екстон. Тие добија и две деца, но се разделија во 1987-ма, а потоа заедно се грижеа за децата.
Во 1987 година актерот ја запозна пејачката и актерка Дана Моросини. Тие почнаа врска и живееја заедно, но на актерот му било страв да се венчаат.
Бидејќи неговите родители биле разведени, а сведочел и на други болни разводи, стравувал дека истото ќе се случи и со Дана.
Тие речиси се разделиле поради ова, но сакајќи да ја спаси врската, Кристофер почнал да оди на терапија.
Конечно, во април 1992-ра, тие стапија во брак, а набрзо потоа добија и дете. Кристофер и Дана беа заедно до неговата смрт.
Животот на Кристофер се влоши во 1995 година, откако падна од коњ.
Актерот научи да јава за филмот Anna Karenina од 1985-та и набрзо ова му стана хоби.
Но, и покрај тоа што беше искусен јавач, во мај 1995 година, Актерот падна од коњ.
Според сведоците, Кристофер пробувал да прескокне ограда со коњот. Но, животното се исплашило, одеднаш застанало, па актерот излетал од седлото.
Паднал врз оградата и си ги скршил првиот и вториот пршлен.
Од повредата, актерот остана парализиран од вратот надолу, а имаше и проблеми со дишењето. Подоцна откри дека воопшто не се сеќавал на несреќата.
Кога се разбудил во болница и му било соопштено дека е парализиран, Кристофер сметал дека ќе му биде товар на семејството, па дури и ѝ рекол на сопругата Дана да го остават да умре.
Но, Дана само му рекла:
„Ќе те поддржам што и да посакаш, бидејќи ова е твој живот и твоја одлука. Но, сакам да знаеш дека ќе бидам со тебе, без разлика на сè. Ти си ти, а јас те сакам“.
Истовремено, Дана му рекла да почека барем две години пред да се одлучи дали уште сака да се откаже.
Благодарение на овој разговор, но и неговите деца кои му покажале колку им е потребен, актерот ниту еднаш повеќе не помислил на самоубиство.
Потоа стана и активист за зголемување на свеста за луѓето со инвалидитет.
Од 16-годишна возрат, актерот имал алопеција. Но, не му паднала целата коса и успевал да ги скрие ќелавите места. Во филмовите за Супермен, сепак морал да носи перика.
Но, по несреќата, алопецијата станала поизразена, па поради ова актерот е ќелав во последните години од животот.
Тој имал и други проблеми со здравјето, како астма и алергии кои станале поизразени по несреќата.
На 9-ти октомври 2004 година, актерот бил на хокејски натпревар на неговиот син. Вечерта наводно испил антибиотик, поради што му застанало срцето. Паднал во кома и веднаш бил пренесен во болница во Њујорк.
По 18 часа, на 10-ти октомври, актерот почина на 52-годишна возраст.
Не беше споделена официјалната причина за прераната смрт на актерот, но неговата сопруга и неговиот лекар верувале дека станува збор за реакција од некој лек.
Спирова С. | Црнобело