Беше целосно парализиран, сакал да се самоубие за да не ѝ биде товар на сопругата – Факти за Кристофер Рив, актерот што го глумеше Супермен
- Детали
- среда, 11 октомври 2023
По улогата во Супермен, Кристофер Рив стана светски позната ѕвезда. Но, неговата кариера не траеше долго – по несреќа со јавање коњ, актерот остана парализиран од вратот надолу. Поради други компликации со здравјето, тој почина на само 52-годишна возраст.
Дури и да не се сеќавате на името Кристофер Рив, сигурно знаете за кој актер станува збор.
Кристофер го глумеше Супермен во 1970-тите и 1980-тите. Иако оттогаш многу актери се појавиле во улогата на овој суперхерој, неговата изведба ни е добро позната на сите.
Кристофер е познат и по несреќата која го остави целосно парализиран, па актерот до крајот на животот мораше да користи инвалидска количка.
Неколку факти за единствениот Супермен:
Кристофер е роден во 1952-ра во Њујорк, а љубовта кон глумата и театарот ја открил уште на 9-годишна возраст.
Студирал на Универзитетот Корнел, а подоцна учел и во престижното училиште Џулијард.
Свето деби го имал на Бродвеј во 1976 година, на 22-годишна возраст. Во 1978 година, добил многу мала улога во холивудски филм.
Истата година, неговиот агент му кажал дека е поканет на аудиција за филм за Супермен со огромен буџет.
Кристофер го испратил неговото резиме, а лицето одговорно за кастинг (Лин Сталмастер) го ставило на врвот од купот со пријави од другите актери.
Најпрво продуцентите го фрлиле резимето на Кристофер, но Лин повторно го ставил на врвот.
Ова се повторувало неколкупати, додека продуцентите не попуштиле. Па, била договорена аудиција со режисерот на филмот и главниот продуцент.
Доволна била една аудиција за тогаш 24-годишниот актер да ја добие улогата.
Но, допрва следело подготвување – Кристофер имал 192 сантиметри, но не бил воопшто мускулест.
За да се подготви за улогата, секое утро трчал, два часа вежбал со тегови, а 90 минути скокал на трамбулина. Додека да почне снимањето, качил и 14 килограми.
И, не треба да ви кажуваме дека филмот постигна огромен успех, додека за изведбата на Кристофер речиси и да нема лош збор.
Тој стана ѕвезда преку ноќ, а веднаш почна да ја користи славата за добри дела. Преку фондацијата Make A Wish, Кристофер почна да посетува смртно болни деца за да им го разубави денот.
Кристофер сними уште три филма со Супермен, по што одлучи да се посвети на посериозни улоги.