Бил вегетаријанец, почнал да јаде месо за улогата во „Peaky Blinders“, ги крие децата: Кој е Килијан Марфи, ѕвездата на „Oppenheimer“?
- Детали
- недела, 30 јули 2023
Ирскиот актер со продорно сини очи, Килијан Марфи (47), познат по улогите на лоши момчиња, криминалци и бескрупулозни типови, зад сцената е сосема поинаков – тој е семеен човек, кој ги држи својот брак и двата сина далеку од очите на јавноста.
Измислената приказна за Томи Шелби во култната серија Peaky Blinders на ирскиот актер со продорно сини очи, Килијан Марфи, му донесе армија лојални обожаватели, кои и денес го следат во чекор.
Но, улогата на Томи Шелби е зад него, а Килијан сега е ѕвезда на еден од најгледаните и најзборувани филмови за 2023, Oppenheimer, на режисерот Кристофер Нолан.
За улогата на физичарот кој ја измисли атомската бомба, Роберт Опенхајмер, критичарите веќе му предвидуваат многу награди, а можеби и Оскар.
Но, актерот познат по улогите на лоши момчиња, криминалци и бескрупулозни типови, зад сцената е сосема поинаков.
Тој е семеен човек, кој ги држи својот брак и двата сина далеку од очите на јавноста.
Килијан е роден во Корн, Ирска, во 1976 година.
Светската јавност дозна за него на почетокот на 2000-те години, кога се појави во филмовите Disco Pigs и 28 Days Later.
Глумеше и во Girl with a Pearl Earring, Batman Begins, Inception и Dunkirk.
Во филмот Breakfast on Pluto од 2005, Килијан се трансформира во жена и доби пофалби за својата глума.
Но, вистинската слава ја стекна со улогата во серијата за ирското мафијашко семејство Шелби, Peaky Blinders.
Килијан е во брак со актерката Ивон Мекгинис од 2004 година.
Се запознале на еден од концертите на неговиот рок-бенд The Sons of Mr Green Genes во 1996 година. Oттогаш се заедно.
Тие имаат две деца, синовите Малахи (17) и Аран (16).
И покрај тоа што е посветен сопруг и татко, Килијан скоро 10 години, во поголемиот дел од времето, беше одвоен од семејството.