Бил вегетаријанец, почнал да јаде месо за улогата во „Peaky Blinders“, ги крие децата: Кој е Килијан Марфи, ѕвездата на „Oppenheimer“?
Поради снимањето на серијата Peaky Blinders тој беше по шест месеци годишно на локација и далеку од фамилијата.
Токму затоа, кога не снима, актерот скоро и да не излегува од дома и се обидува да го надополни изгубеното време.
„Да се најде рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот е вистинска борба. Но, имам неверојатна сопруга и не би можел да го сторам тоа без неа и нејзиното разбирање“, изјави тој во едно интервју.
Кога не работи, Килијан сака да готви со сопругата и да се дружи со своите тинејџери.
Вели и дека не сака да излегува многу бидејќи го мрази вниманието што го добива.
„Секогаш ми е мило да разговарам со фановите, но не ги сакам папараците кои бараат можност за фотографирање“, рече тој во интервју.
Семејство Марфи од Лондон се пресели во Даблин во 2015 година.
За Килијан, ова е една од најдобрите одлуки што ги донеле со сопругата.
„Децата се на одредена возраст кога им треба нормален живот. Мислам дека ако живеете во метропола како Њујорк, Лондон или каде било, тоа е одлично и возбудливо во вашите 20-ти и 30-ти години.
Но, потоа доаѓа момент кога работите што некогаш беа одлични и стимулативни сега се малку здодевни и исцрпувачки. Сфаќате дека ви треба нешто потивко, па тоа е она што го направивме за нашето семејство“, изјави Килијан.
И покрај желбата за мирен живот, тој повторно се враќа на светската сцена со улогата во Oppenheimer, биографски филм за физичарот Роберт Опенхајмер, креаторот на атомската бомба.
Иако филмот почна да се прикажува во кината на 21 јули 2023, критичарите веќе му предвидуваат номинација за Оскар.
За улогата на славниот физичар, Марфи ослабе драстично, а имало денови кога, наводно, јадел по само еден бадем и ништо повеќе.
Сепак ова не е прва голема трансформација на Килијан за некоја улога.
Ирецот15 години бил вегетаријанец, но почнал да јаде месо за да се подготви за улогата на Томи Шелби, бидејќи популарниот лик во Peaky Blinders бил замислен како крупен маж, а не слабичко момче.
И покрај тоа, Марфи признава дека овие промени не му паѓаат тешко бидејќи си ја обожава работата, колку и да е стресна на моменти.