Го остави бившиот за да биде со него, се колнеше на вечна љубов – Зошто Софија Вергара се разведува од Џо Манганиело?
- Детали
- вторник, 18 јули 2023
„Среќна годишнина на љубовта на мојот живот. Никој не се споредува со тебе. Те сакам“... Софија Вергара постојано му изјавуваше љубов на својот сопруг на социјалните мрежи и важеа за еден од најскладните парови. Но, тие најавија развод – наводно не можеле повеќе да поднесат да бидат заедно.
По 7 години брак, Софија Вергара и Џо Манганиело соопштија дека се разведуваат. Парот вчера (17.07) излезе со официјално соопштение со кое најави дека донеле тешка одлука да стават крај на бракот.
„Донесовме тешка одлука да се разведеме. Како двајца луѓе што се сакаат и се грижат еден за друг многу, ве молиме да ја почитувате нашата приватност овој период додека се обидуваме да ја поминеме оваа нова фаза во нашите животи“ – стои во соопштението.
Парот беше во брак од 2015-та година, а често објавуваа заеднички фотографии и актерката му упатуваше емотивни пораки во кои му изјавуваше љубов.
„Среќна прва годишнина на љубовта на мојот живот. Никој не се споредува со тебе. Те сакам. Никогаш нема да го заборавам тој израз на лицето“ – напиша Софија за време на првата годишнина од бракот во 2016-та година и објави фотографија од Џо, како ја чека пред олтарот.
По петтата година од бракот, Џо даде изјава за People и рече дека тој донел вистинска одлука што се оженил за неа и дека неговите инстинкти не го излажале.
„Веднаш знаев дека можам да ѝ верувам, а и таа знаеше дека може да ми верува. Ние двајцата сме луѓе што секогаш знаеме да ги ставиме потребите на другиот пред сопствените.
Знаев како да ги ставам нејзините желби пред сопствените, без разлика за што станува збор, но и таа го правеше истото. Еднаш кога ќе го најдеш тоа, не се откажуваш од него“ – рече Џо.
Додека беше во брак со Џо, Софија водеше правна битка со нејзиниот поранешен партнер Ник Лоеб за ембрионите што тие двајца ги смрзнале во случај да сакаат да станат родители во иднина.