Направи култ со неговите обожавателки, заведува малолетнички: Скандалозниот живот на Џаред Лето (51)
Го искористи неговиот бенд за да си направи култ
Фановите на бендот на Џаред претежно се млади девојки. Дел од нив се опседнати со него, па актерот, на некој начин, го искористи ова за да си направи култ.
На почетокот јавноста се шегуваше дека Џаред има култ од фанови, но од 2019-та многумина се убедени дека навистина станува збор за нешто бизарно.
Имено, актерот организира вид одмор во Хрватска заедно со голем дел од неговите фанови. Фановите, секако, сами си плаќаа за сè.
Она што е најморничаво од собирот се фотките – Џаред и неговите фанови, претежно многу млади девојки, носат бела облека и покажуваат чудни симболи со дланките.
На дел од фотките, Џаред дури наликува и на Исус и се гледа како им држи говори на младите девојки.
Додека некои веруваат дека ова било маркетиншки трик, многумина се убедени дека навистина станува збор за култ, најмногу бидејќи и самиот Џаред го искористи тој збор во објава на Твитер.
Yes, this is a cult 🔺 #MarsIsland pic.twitter.com/4I7JROg90w
-->— THIRTY SECONDS TO MARS (@30SECONDSTOMARS) August 15, 2019
Ги користи фановите за да изнуди пари од нив
Веќе спомнавме дека фановите сами си платија за одморот во Хрватска со Џаред Лето.
Ова не единствениот ваков собир што го има организирано актерот, а цените што ги плаќаат фановите се нереални.
Во 2019-та во Малибу, фановите плаќаа по 999 долари за две ноќи. Притоа, спиеле надвор, без шатори.
Доколку некој сакал соба, требало да плати 6.499 долари.
Често е критикуван од колегите за односот на филмските сетови
Џаред Лето оди до екстреми кога се подготвува за лик, но ги преминал границите на снимањето на Suicide Squad.
Во филмот, тој го глуми Џокер, па за да се „поврзе“ со ликот ги малтретирал другите актери, вклучувајќи ги Вил Смит и Марго Роби.
Актерот се однесувал исто како неговиот лик и почнал да им испраќа бизарни работи, како мртви стаорци, па дури и искористени кондоми.
Кога беше прашан за ова, Џаред проба да ги оправда своите постапки:
„Направив многу работи за да создадам динамика, да предизвикам изненадување, спонтаност и да ги срушам сите ѕидови помеѓу нас. Џокерот е лик кој не почитува ништо како личен простор или граници“.
И покрај критиките, продолжува да им се посветува на ликовите во негов стил
Најновиот филм на Џаред Лето – Morbius – не помина најдобро и беше критикуван и за приказната, но и за изведбата на актерот.
Во филмот тој глуми лик со инвалидитет. Па, за да „влезе“ во ликот, Џаред се преправал дека мора да оди со штаки дури и кога не снимале.
Ова, секако, создало многу проблеми на снимањето бидејќи Џаред „се влечкал“ од еден до друг сет со штаки и им го трошел времето на сите.
На крај, за да се движи побрзо, режисерот нашол инвалидска количка која актерот ја користел до крајот на снимањето.
Спирова С. | Црнобело