Направи култ со неговите обожавателки, заведува малолетнички: Скандалозниот живот на Џаред Лето (51)
- Детали
- сабота, 08 јули 2023
Многу поранешни обожавателки го обвинија Џаред Лето дека ги принудувал на секс кога биле малолетни. Истовремено, актерот има организирано неколку „одмори“ со негови обожавателки, а за собирите и самиот вели дека се култ.
Џаред Лето важи за еден од најталентираните актери на денешницата, а тоа го потврдуваат и бројните филмски награди што ги има освоено, вклучувајќи и Оскар.
Истовремено, Лето е и музичар со завидни вокални способности и неговиот бенд Thirty Seconds to Mars има милиони фанови ширум светот.
Актерот привлекува внимание и со неговиот изглед – тој има 51 година, но дефинитивно изгледа барем две децении помладо.
Но, од друга страна, Џаред Лето е и доста контроверзен лик. Обвинуван е дека заведува малолетнички, а многумина се убедени дека со фановите на неговиот бенд има направено култ.
Неколку факти за Џаред Лето, вклучувајќи ги и најголемите контроверзии поврзани со него:
Се прослави со серијата My So-Called Life
Во 1992 година, актерот се преселил во Лос Анџелес со надеж да стане режисер.
Во меѓувреме добивал мали улоги, а во 1994-та ја одби една од главните улоги во култната тинејџерска драма My So-Called Life.
Го формирал бендот со брат му
Рок-бендот на Џаред Лето кој е активен и денес бил формиран во 1998 година, заедно со брат му Шенон.
Со текот на времето, бендот се прослави многу и денес има фанови од целиот свет.
Се има појавено во бројни значајни филмови
По улогата во American Psycho, Џаред ја доби главната улога во Requiem for a Dream.
За да се подготви за улогата на зависник од хероин, Џаред се изгладнувал со месеци и долг период апстинирал од секс.
По завршувањето на снимањето, изјави дека ќе оди во манастир за да се врати во нормала.
Тој се има појавено и во House of Gucci, Mr. Nobody, Fight Club, Lord of War...
Има освоено бројни филмски награди
Бендот на Џаред Лето има добиено неколку номинации за престижни музички награди.
Како актер, Џаред може да се пофали со многу филмски награди, вклучувајќи Златен глобус, но и Оскар за улогата во Dallas Buyer Club каде што глуми трансвестит.
Го обвинуваа дека заведува малолетнички и млади девојки од забавната индустрија
Минатото лето, Џаред Лето беше забележан со 25-годишна манекенка. За споредба, тогаш актерот имаше 50 години.
Со ова, во јавноста почнаа да се шират шпекулации дека актерот редовно заведува многу помлади девојки од забавната индустрија.
Според некои гласини, тој постојано им пишувал пораки на модели кои немале ни 17 години.
Злоупотребувал малолетни фанови
Но, Џаред не се држел само во светот на шоу-бизнисот. Неколку девојки, негови поранешни фанови, го имаат обвинето дури и за силување.
Во 2013-та, девојка изјави дека го запознала актерот кога имала 17 години. Наводно, тој неколкупати ја поканил да се видат, а на секоја средба ја присилувал на секс.
„Го сретнав на филмски сет во Бруклин. Тогаш тој имаше 34 години. Ме притискаше и ме тераше да правам разни работи со него. Беше многу груб и насилен.
Сега имам 26 години и оттогаш научив многу. Само, секогаш сум повредена кога ќе го видам на телевизија или во магазин“, гласеше тогаш изјавата на девојката.
Оттогаш, многу девојки имаат дадено слични изјави, но Џаред се нема огласено, ниту пак некогаш била покрената истрага за бројните обвиненија.