Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во врска пред Роналдо?
- Детали
- сабота, 10 јуни 2023
„Кога завршувавме со часови одевме во паркот и сонувавме. Зборувавме дека еден ден ќе го пропатуваме светот“ – поранешното момче на Џорџина Родригез откри каква била нивната врска, но и зошто тие двајца се разделиле, иако имале исти соништа.
Во последните неколку години, Џорџина Родригез е најпозната како партнерка на фудбалерот Кристијано Роналдо и како мајка на неговите деца.
За неа се знае дека имала мошне скромни почетоци, а шпанските медиуми се обидоа да откријат со кого таа била во врска пред да го запознае фудбалерот и во целост да ѝ се промени животот.
Познато е дека Џорџина го запознала Роналдо додека работела како асистентка во продавница на Gucci, а неколку месеци потоа започнала и нивната романтична врска.
Сепак, според шпанските медиуми, таа пред да го запознае Роналдо имала уште една врска која траела неколку години.
Џорџина била во врска со Хавиер Хернандез Пинеиро кој живеел во гратчето Хака во Шпанија, каде таа поминала голем дел од младоста.
Според шпанскиот весник Semana, Џорџина имала страсна врска со нејзиното поранешно момче, која завршила откако таа одлучила да се пресели во Мадрид.
Хавиер Хернандез Пинеиро, во шпанската јавност попознат како Хави, беше дел од шпанското реално шоу Ilha das Tentações, (Остров на искушенија), каде отворено говореше за неговата врска со девојката на Роналдо.
„Поминувавме многу време заедно додека бевме на возраст од 13 до 18 години. Учевме во исто одделение една година, а потоа бевме блиски иако учевме во различни училници.
Имавме голем број заеднички пријатели и вистината е дека имам само убави зборови за неа“ – рече Хави.
Тој откри дека Џорџина уште кога била многу мала сонувала дека еден ден ќе патува низ светот и дека ќе посети голем број места.
„Кога завршувавме со часови одевме во паркот и сонувавме. Зборувавме дека еден ден ќе го пропатуваме светот.
Сега, откако поминаа повеќе години и гледам дека станала жена со прекрасно семејство и дека ги исполнила своите соништа и дека јас ги исполнив моите, навистина ми е смешно кога се присетувам на тие разговори“ – рече тој.
Инаку, Хави откри дека тој и Џорџина изгубиле контакт низ годините, но дека редовно разговара со нејзината сестра Ивана.
Хавиер денес е авантурист кој работи како фотограф, а на Инстаграм редовно споделува фотографии од своите авантури.