„Не е важно дали некој ви бил верен“ - Шакира одржа емотивен говор откако беше прогласена за „Жена на годината“ (видео)
- Детали
- понеделник, 08 мај 2023
„Која жена нема поминато низ искуството да бара внимание, љубов и одобрување од другите и заборавила на себеси? Тоа ми се случи и мене“ – рече Шакира во својот емотивен говор откако беше прогласена за „Жена на годината“.
Иако во приватниот живот нештата не одеа во најдобар ред, колумбиската пејачка Шакира може да се пофали со успесите на професионален план.
По разделбата со поранешниот партнер, за кој се дозна дека долго време ја изневерувал со 23-годишната Клара Чиа и по преселбата од Шпанија во САД, Шакира помина мошне турбулентен период, но може да се пофали дека од нејзината голема болка произлезе добра музика, која ѝ донесе и повеќе признанија и награди.
Од првичниот впечаток на напуштена и изневерена жена, по разделбата Шакира успеа да се воздигне во симбол за женската храброст и независност, а тоа го докажува и последната награда што таа ја доби.
Песните објавени по разделбата со Пике станаа хитови во целиот свет, а во саботата (06.05) таа ја доби наградата „Жена на годината“ на Billboard’s Women in Latin Music.
Настанот се одржа во Мајами, градот каде што таа во моментов живее заедно со двата сина Милан и Саша, по разделбата со поранешниот партнер Жерар Пике.
Честа да ѝ ја врачи наградата му припадна на нејзиниот колега Малума, со кого таа пред неколку години го сними хитот „Chantaje“, а на сцената таа одржа емотивен говор што масовно почна да се шири на социјалните мрежи, но и во светските медиуми.
„Во животот на секоја жена доаѓа време кога таа ќе научи дека не треба да зависи од никого за љубов и да се прифати себеси таква каква што е.
Потрагата за другиот се заменува со потрагата по себеси, а желбата да се биде совршенa е заменета со желбата да се биде автентична.
Во изминатата година сфатив дека жените се многу посилни отколку што мислевме. Похрабри сме отколку што мислиме и сметам дека сме понезависни од она што нѐ научиле. Која жена нема поминато низ искуството да бара внимание, љубов и одобрување од другите и заборавила на себеси? Тоа ми се случи и мене“ – рече таа.
Говорот на пејачката беше пречекан со овации во публиката, а една реченица, буквално ги крена сите на нозе:
„Не е важно дали некој ви бил верен или не, сѐ додека останувате верни на себеси“ – рече таа.
Своите успеси и своите песни, Шакира им ги посвети на жените од целиот свет.
„Вистина е дека кога се чувствував најизгубено, музиката ме врати на патот кон себе.
Најважните лекции ги научив од другите луѓе. За нив, за вас, го напишав тоа што го напишав и го испеав тоа што го пеам, бидејќи само жените знаат како да сакаат и да се распарчат самите себеси“ – рече таа.
Погледнете го видеото од говорот на Шакира во продолжение:
✨ Watch Shak’s acceptance speech as she receives the @billboard “Woman of the Year” award!
— ShakiraMedia (@ShakiraMedia) May 8, 2023
✨ Mira el discurso completo de Shakira recibiendo el premio “Mujer del Año” de @billboard! pic.twitter.com/nUGeVWutrR
Б. С. Б. | Црнобело