Мачката на Карл Лагерфелд инспирација за Мет Гала – Џаред Лето шеташе со огромна глава од мачка, Лил Нас со 5.000 кристали на телото
- Детали
- вторник, 02 мај 2023
Мачката на легендарниот моден креатор Карл Лагерфелд, Шупет, ги инспирираше актерот Џаред Лето, пејачката Доџа Кет и раперот Лил Нас Х за екстравагантните и необични костими во кои се појавија на годинешната Мет Гала во Њујорк...
На годинашната Мет Гала, која ја организираат Ана Винтур и магазинот Vogue, тема беше модниот дизајнер Карл Лагерфелд и неговите безвременски креации.
Па, додека едно се инспирираа од неговите најпознати модели, а други од личниот стил на Лагерфелд, неколкумина како инспирација за својот изглед ја имаа мачката на славниот дизајнер, Шупет.
На црвениот тепих на годинешната Мет Гала, чија тема беше легендарниот Карл Лагерфелд, „се водеше модна војна“ помеѓу актерот Џаред Лето, пејачката Доџа Кет и раперот Лил Нас Х, за тоа кој има подобар костум инспириран од мачката на Лагерфелд - Шупет.
За Шупет се верува дека е најбогатата мачка на светот, бидејќи во една прилика легендарниот дизајнер изјави дека по неговата смрт, мачката ќе го наследи неговото богатство.
На своето прво појавување на Мет Гала, Доџа Кет привлече внимание не само со костумот, туку и со шминката.
Таа фустанот од Оскар де ла Рента, кој беше во иста боја како крзното на Шупет, го дополни со капа со мачкини уши.
Шминката целосно ѝ го трансформираше лицето, па Доџа личеше на славната мачка, а ноктите на рацете ѝ беа направени како канџи.
Облечен во костум на мачка за црвениот килим беше и актерот Џаред Лето.
Тој трчаше и скокаше пред фоторепортерите и се фотографираше во костумот со неколку актерки и модели.
Лето потоа се преоблече во црн костум со наметка, инспириран од личниот стил на Лагерфелд.
Но, огромната глава од мачка ја носеше секаде со себе.
Екстравагантен костум инспириран од Шупет имаше и раперот Лил Нас Х.
Неговото тело беше обоено во металик сива боја и покриено со околу 5.000 кристали.
Лил Нас носеше маска на лицето и големи канџи на рацете.
За да ги залепат кристалите на неговото тело, на луѓето од „Swarovski“ им биле потребни 10 часа.
Но, костимите на Доџа Кет и Џаред Лето овојпат ги инспирираа и твитерџиите.
„Џаред Лето и Доџа Кет се степаа откако заврши Мет Гала“.
https://twitter.com/rihserendip/status/1653189219769110528
„Колку внимателно, им донесоа на Џаред Лето и Доџа Кет посебен тоалет“.
https://twitter.com/Crystal20117588/status/1653187463458824195
Уште неколку твитови:
https://twitter.com/Fausto_lastra99/status/1653192796268789760
https://twitter.com/moondustdol/status/1653210111442026497
https://twitter.com/qitweets/status/1653190646536994816
https://twitter.com/Perwdyr/status/1653189997028048896
https://twitter.com/rachaelsia/status/1653191119956746240
А. Ј. | Црнобело