Роби Вилијамс отворено за сексуалниот живот со сопругата: „Сите знаат дека нема секс по бракот, но среќни сме“

Роби Вилијамс имаше проблеми со зависност од наркотици, но и од храна. Па, пејачот е задоволен што сега го надминал тешкиот период, ослабел и е во добра форма.

robi-vilijams-otvoreno-za-seksualniot-zhivot-so-soprugata-site-znaat-deka-nema-seks-po-brakot-no-srekjni-sme-08.jpg

Пред неколку месеци, тој откри дека дури сега научил да се прифаќа себеси.

„Ослабев, но ова е постојана битка. Фала Богу што сум пејач бидејќи ако не го работев ова, се плашам од личноста во којашто би можел да се претворам.

Се мразев себеси и мислев дека не можам да пеам ако изгледам ужасно“.

robi-vilijams-otvoreno-za-seksualniot-zhivot-so-soprugata-site-znaat-deka-nema-seks-po-brakot-no-srekjni-sme-07.jpg

Роби Вилијамс тврди дека е „чист“ речиси две децении. Проблемите со зависноста од храна и дрога почнале уште во 1990-тите, кога неговиот бенд Take Тhat беше еден од најпознатите во светот.

robi-vilijams-otvoreno-za-seksualniot-zhivot-so-soprugata-site-znaat-deka-nema-seks-po-brakot-no-srekjni-sme-06.jpg

До 1996 година, тој веќе имал прекумерна тежина и му било срам да се појавува во јавност.

Во 2007-ма, пејачот отиде на рехабилитација откако наеднаш консумирал неколку видови дрога, вклучувајќи хероин, кокаин и лекови.

„Пиев по 20 силни апчиња за болка. Веројатно ме делеа само 24 часа од смртта. Потоа пиев седативи. Консумирав огромни количини дрога“.

robi-vilijams-otvoreno-za-seksualniot-zhivot-so-soprugata-site-znaat-deka-nema-seks-po-brakot-no-srekjni-sme-05.jpg

Роби Вилијамс и Ајда се во брак од 2010 година, а заедно имаат четири деца.

Прочитајте повеќе: Го спасила од мизерија, ја оставал трипати, а таа останала со него – Роби Вилијамс и Ајда слават 11 години брак

Спирова С. | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg