Роби Вилијамс отворено за сексуалниот живот со сопругата: „Сите знаат дека нема секс по бракот, но среќни сме“
- Детали
- среда, 26 април 2023
„Сега, некогаш Ајда ќе седне до мене и ќе ми рече ’Треба да имаме секс‘ и јас ќе се согласам. Па, понекогаш се обидуваме“ - во ново интервју, Роби Вилијамс отворено зборува за сексуалниот живот со сопругата Ајда, истакнувајќи дека многу ретко имаат секс. Пејачот, кој беше зависен од дрога и храна, вели дека има проблеми со либидото откако престанал со терапијата со тестостерон што му била препишана за депресија.
Во интервју за The Sun, Роби Вилијамс и сопругата Ајда Филд открија дека многу ретко имаат секс. Пејачот вели дека има проблеми со либидото откако престанал со терапијата со тестостерон со која ја лекувал депресијата.
„Сите знаат дека нема секс по бракот“, изјави 49-годишниот пејач.
43-годишната Ајда, пак, вели дека она што е важно е интимноста во бракот, како длабоките разговори и прегратките.
Минатата година, Ајда на шега изјави дека сексот во бракот со Роби е „мртов“. Сега открива дека била загрижена за изјавата.
„Испаничив дека Роби ќе се налути. Всушност, заборавив на интервјуто и излезе неколку недели подоцна – потполно надвор од контекст, изгледаше ужасно – и кога се разбудив, видов многу пораки од пријатели кои ме прашуваа дали сум во ред со бракот без секс!“
На ова, Роби додава дека нему не му било грижа што мислат пријателите и јавноста за нивниот сексуален живот.
„Бракот без секс е проблем само ако имате различни потреби. Ако едниот партнер сака, а другиот не, тогаш имате различни очекувања. Но, искрено, сите знаат дека нема секс по бракот.
Извесен период примав терапија со тестостерон, но бидејќи сум (поранешен) зависник, требаше да престанам. Рамената ми станаа многу големи и изгледав смешно.
Но, сексот беше неверојатен додека ја примав терапијата. Бевме ненаситни. Ова покажува колку всушснот се сакаме бидејќи кога ја примав терапијата, не ги тргнувавме рацете еден од друг“.
Пејачот вели дека му недостасува тој период, но сепак е среќен и сега.
„Тоа беше забавен период. Сега, некогаш Ајда ќе седне до мене и ќе ми рече ’Треба да имаме секс‘ и јас ќе се согласам. Па, понекогаш се обидуваме“.
И Ајда вели дека е среќна со сегашниот однос со Роби.
„Мислам дека луѓето ги мешаат сексот и интимноста. Ние секогаш се гушкаме, се бакнуваме, се држиме за раце или се допираме кога гледаме телевизија. Интимноста е важната, значајната страна на љубовта.
Имам пријателки кои се чувствуваат обврзани да имаат секс со нивните сопрузи и тоа сигурно е ужасно. Јас и Роби сме на иста страница. Среќни сме“.