Зошто Викторија Бекам не ѝ дозволува на помладата сестра да објавува заеднички фотографии со неа?
- Детали
- петок, 21 април 2023
„Со сестра ти ќе бевте идентични, ако ти немаше направено пластични операции“, „Сега може да се видат сите брчки што Викторија ги затегнала...“ - се дел од коментарите кои беа упатени до Викторија Бекам. Наводно, по нив, сопругата на Дејвид Бекам ѝ забранила на сестра ѝ да објавува заеднички фотографии.
Викторија Бекам неодамна го прослави својот 49-ти роденден, а фотографиите од прославата на нејзиниот роденден ги објави на социјалните мрежи.
Сите беа изненадени од фотката на која таа јаде парче торта, затоа што се знае дека познатата пејачка и дизајнерка веќе 25 години е на строга диета и консумира само риба и зеленчук.
Но, покрај сите честитки што пристигнаа до Викторија за нејзиниот роденден, највпечатлива е онаа од нејзината помлада сестра Луис Адамс која многу ретко се појавува во јавноста, а годинава, наместо да објави нивни заеднички фотки од поново време, помладата сестра на Викторија се одлучи да објави фотка од детството.
Дел од светските медиуми шпекулираат дека одлуката на Луис за да сподели ваква фотографија била заради Викторија.
Имено, минатата година Луис објави фотографија од поново време, а многумина коментираа дека помладата сестра изгледа постаро од Викторија, по што, од друга страна следеа голем број коментари за естетските корекции што пејачката и дизајнерка ги направила на почетокот на кариерата, уште кога беше дел од Spice Girls.
Честопати затегнатото лице на Викторија и истакнатите усни наидуваат на коментари кај следбениците, кои коментираа дека двете сестри многу си личат, а дека Викторија денес би изгледала исто како Луис доколку не била на голем број операции.
„Зошто помладата сестра изгледа постаро од Викторија?“, „Сега може да се видат сите брчки што Викторија ги затегнала...“ – стоeше во некои од коментарите.
Во последно време Викторија објавува повеќе фотографии во кои изненадува со младешкиот изглед и затегнатото лице.
Така на фотографиите што ги објави за велигденските празници, модната дизајнерка изгледа помладо од нејзината снаа, а некои од следбениците прокоментираа дека најверојатно го сменила пластичниот хирург.
Токму од овие причини, се шпекулира дека Викторија најверојатно ја замолила нејзината сестра да не објавува заеднички фотки, затоа што сака да го сочува својот имиџ на бизнис жена која и на прагот од шестата деценија плени со својот природен изглед.
Во продолжение погледнете повеќе фотографии од сестрата на Викторија и сами увидете дали коментарите се оправдани:
Б. С. Б. | Црнобело