Не ја поднесувала Викторија, го молела татко ѝ да не ја откаже свадбата – Мрачните тајни на Никола Пелц Бекам
- Детали
- недела, 16 април 2023
Таткото на Никола Пелц сакал да ја откаже свадбата, а Никола и мајка ѝ со денови се труделе да скријат од него колку пари потрошиле за екстравагантната прослава. Никола јавно ја фалеше Викторија, а на приватен план тие две не се поднесувале – детали за врската на Бруклин и Никола Пелц, што тие не сакаа да се дознаат, но сепак испливаа на површина.
Бруклин Бекам (24) и Никола Пелц (28) во моментов се еден од најпознатите славни парови, а нивната врска привлекува големо внимание во јавноста.
Како заради екстравагантната свадба од минатата година, така и заради тоа што постојано објавуваат фотографии во кои ја искажуваат својата љубов еден кон друг, Бруклин Бекам и Никола Пелц важат за еден од најпопуларните парови на денешницата.
Но, нивната љубовна приказна не почнала веднаш како бајка, а постојат и неколку детали за нивната врска што и денес збунуваат голем дел од нивните обожаватели.
Погледнете неколку факти за нивната врска што се сосема неочекувани:
Никола Пелц и Бруклин Бекам се запознале на фестивалот Коачела во 2017-та година и на богатата наследничка на прв поглед воопшто не ѝ се допаѓал синот на Дејвид и Викторија Бекам. Бруклин во наредните 5 години постојано се дружел со браќата на Никола, Бред и Дизел, но таа не можела да го поднесе.
Уште еден интересен детаљ е тоа што на 23 години Никола напишала сценарио за филм во кој требало да глумат нејзиниот брат Вилијам Пелц и Бруклин Бекам, но работите не оделе според плановите. Никола го отпуштила Бруклин од филмот затоа што не можела да престане да се смее заради неговиот британски акцент.
Пет години по првото запознавање, Бруклин и Никола заедно поминале една Ноќ на вештерките, по што почнале постојано да се дружат, а секоја вечер тој ја возел во неговиот автомобил до рано наутро и ѝ покажал дека е вистински џентлмен, по што таа се вљубила во него.
Интересно, но Бруклин и Никола се свршија по само 6 месеци врска, а на почетокот се чинеше дека свршеницата има одличен однос со мајка му на Бруклин, Викторија Бекам. Никола дури објавуваше пораки упатени до идната свекрва на Инстаграм, па ѝ напиша:
„Ти си ми идол, те сакам многу!“.