Бурниот развод на Том Круз и Кејти Холмс – Не смеела да има врски по разделбата, не ја пуштала ќерка им кај Том без телохранител

Том Круз ја натерал Кејти Холмс да потпише договор со кој ѝ забранил да зборува за нивниот развод, но и со кој ѝ забранил да има врски пет години по разделбата. Кејти, пак, се изборила за целосно старателство над ќерка им Сури, од страв дека скиентолошката црква ќе ѝ забрани да ја гледа. Што друго знаеме за бурниот развод на Том Круз и Кејти Холмс?

burniot-razvod-na-tom-kruz-i-kejti-holms-ne-smeela-da-ima-vrski-po-razdelbata-ne-ja-pushtala-kjerka-im-kaj-tom-bez-telohranitel-01.jpg

Добро познат факт е дека по бурниот развод, Кејти Холмс и Том Круз не се во добри односи, како и дека актерот, во последните 11 години, воопшто ја нема видено нивната ќерка Сури.

Но, дали знаете што навистина се случило помеѓу парот и како се одвивале разводот и битката за старателство?

burniot-razvod-na-tom-kruz-i-kejti-holms-ne-smeela-da-ima-vrski-po-razdelbata-ne-ja-pushtala-kjerka-im-kaj-tom-bez-telohranitel-10.jpg

Пред Кејти Холмс, Том Круз веќе имаше еден пропаднат брак.

Актерот се разведе од Никол Кидман поради скиентологијата, а неговата религија е причина и за вториот развод.

Во 2012 година, Том и Кејти најавија дека се разведуваат по шест години заедно.

burniot-razvod-na-tom-kruz-i-kejti-holms-ne-smeela-da-ima-vrski-po-razdelbata-ne-ja-pushtala-kjerka-im-kaj-tom-bez-telohranitel-08.jpg

Ниту еден од нив нема зборувано за разделбата, но според некои изјави на Том низ годините, станува јасно дека главниот „виновник“ е скиентологијата.

Кејти и Том почнаа да се гледаат во 2005 година, а само неколку месеци подоцна открија дека се вериле.

Тогаш актерот сподели дека Кејти ќе стане дел од скиентолошката црква.

burniot-razvod-na-tom-kruz-i-kejti-holms-ne-smeela-da-ima-vrski-po-razdelbata-ne-ja-pushtala-kjerka-im-kaj-tom-bez-telohranitel-09.jpg

Во април 2006-та година, тие ја добија ќерката Сури која требаше да ја воспитуваат според правилата на скиентологијата.

По разделбата, Том Круз откри дека воопшто не очекувал Кејти да побара развод.

Во 2013-та, тој изјави дека иако Кејти планирала да стане дел од црквата, сепак чувствувала аверзија кон помислата ќерка им, Сури, да биде воспитана на тој начин.

burniot-razvod-na-tom-kruz-i-kejti-holms-ne-smeela-da-ima-vrski-po-razdelbata-ne-ja-pushtala-kjerka-im-kaj-tom-bez-telohranitel-12.jpg

Истата година, актерот ја тужеше издавачката куќа Bauer Media во чијшто магазин беше објавен текст кој тврди дека „тој ја напуштил неговата ќерка“.

За време на судењето, адвокат го прашал актерот дали Кејти побарала развод за да ја заштити Сури од скиентолошката црква. Наводно, актерот изреагирал бурно, изјавувајќи:

„Нема потреба да ја штити ќерка ми од мојата религија“.

burniot-razvod-na-tom-kruz-i-kejti-holms-ne-smeela-da-ima-vrski-po-razdelbata-ne-ja-pushtala-kjerka-im-kaj-tom-bez-telohranitel-13.jpg

Адвокатот продолжил да го притиска за прашањето, по што Том потврдил дека црквата сепак е една од причините за разводот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Како Сури Круз ја возвиши мајка ѝ и му зададе удар на славниот татко? Сури го избриша презимето на татко ѝ и зеде презиме со кое ја возвишува својата ...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
За 2 месеца ќе одлучи дали сака да го гледа татко ѝ – Сури Круз со мајка ѝ низ Њујорк, а Том Круз во... Два месеца пред да стане полнолетна, Сури Круз опуштено се шета со мајка ѝ низ Њ...
Скромната ќерка на Том Круз наполни 18 години - конечно сама ќе реши дали ќе го види татко ѝ по 12 г... Сури Круз цел свој живот живее во сенката на славните родители, нивниот јавен ра...
Со пари можат да си купат и талент - како живеат и заработуваат ќерките на Џеј Ло, Бијонсе, Ким Кард... Ќерката на Бијонсе има личен готвач и стилист, а името ѝ е заштитено со закон. К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg