Скопје, 22.03.2024 – Веќе трет ден по ред, комплексот „Борис Трајковски“ е центарот на сите случувања во Скопје, затоа што во тек е Саемот на мебел 2024 година. Богатата понуда од изложувачите, големиот избор на различни брендови, како и одличните саемски попусти предизвикаа голема заинтересираност кај голем број посетители.