Фотографирањето и снимањето видеа станува вистински предизвик во моментот кога дневната светлина се заменува со магијата на ноќта. Да, барем еднаш во животот секој сопственик на паметен телефон се обидел да долови посебен момент од ноќта тотално безуспешно. Но, благодарение на Samsung, не мора повеќе да се грижите дали сликите ќе ви излезат матни или темни. Радоста од снимање драгоцени моменти додека се дружите и се забавувате на слаба осветленост сега може да биде целосна и непречена бидејќи одличните карактеристики на новите телефони од серијата Samsung Galaxy S22 ги рушат сите бариери, дури и светлосните!