Вработените и членовите на менаџерскиот тим на Пивара Скопје, заедно со волонтерите од Град Скопје, Пакомак, компанијата Мен енд Маунтен и членовите на неколку дипломатски претставништва во земјата, го собираа сувиот отпад од пешачките патеки и местата за одмор и рекреација на планината Водно. Со ова и официјално започна пролетниот дел од најголемата еко-акција досега „Генералка викенд 2022“, што од денеска, до 8-ми мај, се спроведува во 26 општини ширум земјата.