Скопје, 13.06.2022 – Покрај пазарната и економска неизвесност, професионалното (не)искуство, секогаш постојат можности преку кои можеш да учиш, да напредуваш, да се подобруваш и да го градиш својот кариерен пат, бидејќи освен квалитетот и знаењето, компаниите кои знаат да го вреднуваат вработениот, го препознаваат и потенцијалот, сѐ со цел да се даде шанса на секого.