Скопската Општина Бутел се приклучува на „Крени глас против врсничко насилство“, општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Учениците од основните училишта „Ацо Шопов“, „Гоце Делчев“, „Живко Брајковски", „Климент Охридски“, „Лиман Каба“, „Панајот Гиновски“ и „Петар Здравкоски-Пенко“ во следниот период ќе учествуваат во работилници предводени од психолог, а преку кои ќе се здобијат со најразлични знаења поврзани со булингот. Градоначалникот Дарко Костовски и членката на управниот одбор и директорка во „Макпетрол“, Марија Јосифовска-Спасовска денес потпишаа меморандум за соработка.