Интервју со Трајче: По 24 години се вратив од Австралија и сега „Феникс“ е мојот дом
- Детали
- петок, 27 мај 2022
91-годишниот Трајче повеќе од две години живее во домот за стари лица „Феникс“ во Капиштец.
Тој и во Австралија живеел сам, но поради здравствените проблеми и таму одлучил да се распраша какви домови за стари лица има, бидејќи во периодот кога почнал да не се чувствува добро, времето го поминувал со своите деца, кои биле загрижени околу неговото останување сам дома. Сепак, одлучил да си дојде во Македонија.
По 24 години живот во Австралија и на Нов Зеланд, 91-годишниот Трајче се вратил во Македонија и повеќе од две години живее во домот за стари лица „Феникс“ во Капиштец.
Тој и во Австралија живеел сам, но поради здравствените проблеми и таму одлучил да се распраша какви домови за стари лица има, бидејќи во периодот кога почнал да не се чувствува добро, времето го поминувал со своите деца, кои биле загрижени околу неговото останување сам дома.
– Од Австралија дојдов директно овде во домот. Не ќе се случеше ова ако немав срцев удар ноќно време кога едвај отидов во просторијата каде што спиеја ќерката и зетот да им кажам што ми е. Потоа бев во болница, а кога излегов, разгледавме некои домови во Австралија, но цената беше многу висока. Мојата пензија беше премала, а јас не дозволувам децата да ми доплаќаат и да се грижат. Затоа решив да се вратам во родната земја – раскажува Трајче.
Трајче во Скопје слетал во март 2020 година заедно со синот, кој морал веднаш да се врати назад бидејќи Австралија уште вечерта планирала почеток на карантин, па затоа со нетрпение ја очекува нивната посета најавена за летово.
Тој претходно работел на процена на штети во осигурителна компанија и шетал низ многу земји, но сепак вели дека најголем впечаток му оставил Нов Зеланд, пред сè природата што го потсетувала на Македонија, но она што е најзначајно е системот на уредување и организираноста на земјата. Сопругата починала по 9 месеци откако се преселиле во оваа земја.
– Се навикнав на поинаков режим, многу рано се будам, веќе сум во 90-тата година, појадокот и вечерата ги добивам во соба, а ручаме заедно. Денот ни поминува во разговори, игри, физикална терапија и така натаму, а навечер обично се качувам во собата и гледам телевизија. Имаме и најразлични прошетки. На водно, во црквите, во Зоолошката градина, потоа ги посетуваме пријателите од другите домови – раскажува тој.
Трајче вели дека она што е важно е што има постојан медицински надзор, бидејќи, како што вели, има повеќе дијагнози, меѓу кои и дијабетес.
– Храната е адаптирана, се избегнува масло, домашно е зготвена и вкусна. Многу е убаво овде, воздухот е чист иако сме во близина на центарот, а преубави се и домовите во Пржино и во Волково. Малку сум тажен кога има посета бидејќи и сите останати роднини ми се во странство, но секој ден се слушаме со децата и се гледаме на камера, тука има интернет, па ми е полесно – вели Трајче.
Тој вели дека ова е сега нов модел од Запад дојден дури до овде старите да живеат во домови, пред сè поради 24-часовната нега и грижа.
– На пример, јас имам лекови што ги пијам во 4 часот наутро и да живеам со децата, не е во ред покрај тешкиот живот да бидам дополнителен товар. А, искрено, и воопшто не се каам што дојдов, имаме прекрасна земја, прекрасна природа, култура и обичаи, за мене тоа е дома – додава тој.
„Феникс“ е синџир на старечки домови, со богата историја. Првиот старечки дом е основан во 2002 година во тешки услови и под друг назив, кој по неколкуте променети локации и борбата како и стремежот за успех, доведоа до основање на првиот „Феникс“ чие име потекнува од самата историја на оваа компанија, издигање од пепелта. Денес „Феникс“ располага со три старечки дома: „Феникс Геромедикал“, „Феникс Премиум“ и „Феникс Фемили“, а наскоро се отвора и четвртиот под името „Феникс Гарден“ во населбата Црниче.
Како изгледа еден ден во „Феникс“: