Coke Summership 2022 чека на тебе!

Летната пракса во Пивара Скопје е уникатна можност за лансирање на твојата професионална кариера и искуство кое засекогаш ќе го паметиш.

coke-summership-2022-cheka-na-tebe-01.png

Кариерниот развој на секој почетник започнува со едукација но, кога едукацијата е втемелена во практикантска работа, тогаш тоа е одлична комбинација која овозможува сеопфатен развој.

Овогодинешната Coke Summership летна пракса во Пивара Скопје им нуди токму таква програма на учесниците, сеопфатен пристап во кој преку реална работа на проекти, учесниците учат нови работи, развиваат компетенции и вештини и се градат како индивидуи во реална работна средина.

Затоа, секој кој сака постојано да напредува на професионален, но и личен план и континуирано да се соочува со нови предизвици, не смее да ја пропушти оваа можност.

Аплицирањето трае сè до 31 Мај 2022 година, а летната пракса во Пивара Скопје ќе се одвива во периодот од 04.07 до 29.07. Фокусот е на сите студенти кои се во завршна година од своите додипломски студии или студенти кои се на магистерски студии на кој било од државните и приватни универзитети во земјата.

Во досегашните изданија на Coke Summership над 300 млади луѓе покажаа интерес, а 30 учесници успешно ја поминаа програмата. Дел од нив продолжија со практикантска работа во рамки на компанијата, а дел се веќе во тимот на Пивара Скопје.

Летната пракса вклучува активности и задачи преку кои практикантите ќе се стекнат со богато искуство и знаење. Секој учесник е воден од ментор, вработен во Пивара Скопје, кој го води низ целокупното уникатно Coke Summership искуство.

Практикантот се стекнува со искуство на терен што е најзначајниот дел во компанијата, учи преговарачки и продажни вештини од една страна, но и увид во тоа како функционираат продажните канали од друга страна.

Праксата се состои од различни активности како, истражување, тестирање, преземање иницијатива, учество во изработка на креативни проекти. Самата програма е приспособена за секој учесник да научи да работи во тим или самостојно, во рамки на проекти кои вклучуваат аналитичко размислување, истражување, креативна работа и  развивање на преговарачки и продажни вештини.

Суштинската придобивка е насоката за идна кариера. Можност како ретко која друга за нејзино лансирање, а која на своите учесници им ја овозможуваат Пивара Скопје и феноменот наречен Coke Summership.

Останаа уште само неколку дена за аплицирање, а финалните интервјуа се закажни за периодот од 20ти до 24-ти јуни. Три дена подоцна, на 27ми јуни, следува и објавата на избраната група учесници на Coke Summership 2022.

Бројот на учесници не е ограничен и зависи од бројот на кандидати кои ќе ги исполнат критериумите во процесот на селекција.

coke-summership-2022-cheka-na-tebe-02.png

За успехот на летната пракса говорат успешните приказни како онаа на Катја Кочишки која го споделува со нас нејзиното искуство од летната пракса и како таа го пронајде своето место во Маркетинг секторот каде успешно се носи со предизвиците од процесот на продажба.

Доколку се гледаш себе си како дел од тимот на една од најпосакуваните компании за градење идна кариера, пријави се уште денес.

Coke Summership 2022 чека на тебе!

 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg