Неколку ситуации во кои онлајн трансакциите се најдобрата опција за вас
- Детали
- среда, 25 мај 2022
Нашиот секојдневен живот станува сè понапреден со помош на технологијата и дигитализацијата. Сè поголем дел од секојдневните обврски можеме да ги завршиме од удобноста на нашиот дом, или од било кое место и во било кое време. Единствено што ни е потребно е мобилен телефон, лаптоп или компјутер.
Една од најголемите предности на дигиталната доба, секако, е онлајн плаќањето кое со себе носи многу придобивки поради кои дефинитивно ни е омилена технолошка иновација. Од шопинг, до плаќање сметки, денес сè можеме да направиме побрзо и полесно, благодарение на брзиот развој на технологијата.
Како што веќе споменавме, времето е можеби и најважната придобивка на онлајн плаќањето бидејќи немате потреба да одите до банка или пошта и да чекате долги редици за плаќање сметки, или во продавници.
Онлајн плаќањата ве ослободуваат и од безбедносните ризици при ракување со готовина. Дури и со ризиците од сајбер безбедноста, онлајн плаќањата нудат најдобра безбедност за трансакциите, бидејќи банките и големите компании користат современи заштитни технологии што го прави онлајн плаќањето безбедно.
Многу важен момент е и фактот дека онлајн плаќањето е поевтино отколку она со физичко присуство на шалтер, без разлика дали плаќате сметки или вршите било кои други трансакции.
Кога имате потреба да плаќате во различна валута, онлајн плаќањата секогаш се прв избор токму поради тоа што ваквиот вид на плаќање автоматски го пресметува девизниот курс и вие немате потреба да менувате пари во менувачница.
Уште една причина поради која толку многу луѓе ја сакаат оваа дигитална услуга е што обезбедува подобро корисничко искуство. Традиционалните методи веќе не функционираат толку добро поради различните вредности на новите генерации во бизнисот.
Халкбанк од секогаш била лидер во дигитализацијата и воведување нови технологии и услуги базирани на нив. Па така, Банката во своето портфолио на онлајн услуги сега додаде и производ - онлајн кредит.
Новиот производ е достапен за сите приматели на плата во банката кои брзо и едноставно, било каде и во било кое време со помош на телефон или компјутер, можат да дојдат до потребните средства. Оваа постапка е кратка и безбедна бидејќи е со двојна авторизација, а префрлувањето на средствата на сметката на барателот трае само 5 минути. Максималниот износ за кој можат да аплицираат клиентите е до 300.000 денари, рокот на отплата е до 60 месеци, а каматната стапка е 5,5% фиксна за целиот период на отплата на кредитот.