Одмор на чист воздух во шумите на Фрушкогорскиот регион
- Детали
- четврток, 26 мај 2022
Фрушкогорскиот регион е богат со природни и створени вредности, па често е тешко во тоа изобилство, да се одлучи каде на краток одмор и уживање.
За сите што сакаат на кратко да побегнат од градските гужви во било кое годишно време и тоа во шумски предел, a при тоа да ги имаат сите потребни услови за сместување и соодветна гастрономска понуда, можеби следните сместувања се прав избор:
Хотел Норцев *** е оддалечен од Нови Сад само 20 км. Се наоѓа покрај ТВ кула опкружен со шумски комплекс. Може да биде прав избор за сите што сакаат комфорен и романтичен одмор во средиштето на Фрушка гора, но и за сите што сакаат активен одмор.
Пешачките патеки се пружаат кон Иришки венец и понатаму кон Врдник, или манастирите Гргетег и Велика Ремета. На Иришки венац е Информативниот центар на ЈП „Национален парк Фрушка гора“ со природњачка поставка и сувенирница. На посетителите им се на располагање и услуги од водичката служба.
Центарот за стопанско технолошки развој (CePTOR) e истовремено конгресен и туристичко – угостителски комплекс, па гостите кои сакаат да го поминат времето во комфорно сместување и да уживаат во локалната кујна и вина, ќе бидат срдечно дочекани. Центарот се наоѓа на Андревље, едно од најубавите излетнички места на Фрушка гора, опкружено со листопадни шуми.
За обожавателите на пешачењето и уживањето во шумскиот амбиент и сите благодети што ги пружаат шумите, постои пешачка патека кон Партизанскиот пат и Летенци. Посетителите на центарот на Андревље ќе ги израдува сознанието дека во непосредна близина се наоѓаат Черевиќ и Баноштар, подунавски населби кои вреди да ги посетите.
Aко до сега не сте слушнале за убавината и вредноста на дабовите Босутски шуми и впечатливата романтика на Моровиќ, можеби е време сами да ги истражите овие делови. Воената установа Моривиќ има понуда за сите што сакаат да уживаат во недопрената природа на моќната стогодишна шума и да понесат задолжително фотоапарат.
Сместување во комфорните вили „Koшута“ и „Срна“ (резиденцијален објект граден за Тито) и гастрономска понуда која следи со тоа, ќе ги задоволи сите вкусови и очекувања. Ретки непосредни искуства на набљудување на елени овде се понекогаш возможни, но од одредена оддалеченост. Посетителите на вилата „Koшута“ можат да видат елени кај хранилиштата во близина на вилата, но никако да не ги вознемируваат овие племенити животни.
Moровиќ e не баш голема населба сместена на вливот на Студва во Босут. Вода, шума и мит се вградени во неговата современа приказна. Во околината на горостасните Босутски шуми, на штитот од реката, при крајот на 14 век, изградена е некогаш моќната тврдина која ја бранела јужната граница со Унгарија. На тие митски денови денес потсетуваат остатоците од ѕидините и прекрасната Римокатоличка Црква Св.Марија, која е впечатлива на драмската од крсташките или османлиските походи.
Најрепрезентативниот дел од населбата денес се наоѓа во некогашните ѕидини, а романтични тонови на сликата од Моровиќ даваат мостовите на Студва и Босут. Дека не така големата населба на две реки и три моста се повеќе постанува дестинација за излети и кратки одмори покажува и туристичката понуда каде што посебно место имаат Етно куќите „Гагијево седло“ и Вила Сунце.
На само дваесеттина минути од Нови Сад се наоѓа Врдник, надалеку познат по термални и лековити извори, како и по статусот воздушна бања.
Тоа што го прави совршен за семеен одмор, рекреација и забава е и комплексот „Фрушке терме“, кој во својот состав има девет термални базени, модерен wellnes и спа центар, но и можност за најразлични третмани и масажи за опуштање на лицето и телото.
Во непосредна близина, во етно селото „Врдничка кула“, можете да го осетите духот на некогашните времиња, а за најмладите се креирани најразлични содржини во околината на комплексот.
Туристичка организација на град Нови Сад
фото: TONS Promo