Комуникации и дигитални медиуми - нова програма на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ
- Детали
- понеделник, 23 мај 2022
Променливото комуникациско опкружување заедно со постојаниот развој на дигиталните медиуми ја создадоа потребата за добро образование и професионални кадри во овие области. Одделот за хуманистички науки на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ создаде нова едукативна програма за додипломски студии, што претставува одговор на динамичните промени во овој сектор.
Новата програма е уникатна, развојна и современа, создадена врз информации од последниот технолошки дострел во секторот за комуникации и дигитални технологии и прилагодена на потребите на современиот пазар на труд.
Студентите на оваа програма ќе се стекнат со теоретско знаење, но и со практични и технички способности кои се потребни за креирање и дизајнирање содржини на дигиталните и социјалните медиуми. Со овој избалансиран, теоретски и практичен пристап, дополнет со фокус на вештините потребни за 21 век, студентите ќе развијат специфични вештини барани при вработување во овој сектор.
Програмата се изучува на англиски јазик а студиите траат 3 години. Дипломираните студенти добиваат диплома од Универзитетот Јорк, еден од најдобрите универзитети во Велика Британија.
Европскиот кампус СИТИ Колеџ е дел од заедницата на Универзитетот Јорк, еден од водечките британски универзитети во Европа. Универзитетот Јорк е една од најдобрите светски образовни институции за инспиративна настава и истражување што го менува животот. Универзитетот е член на престижната групација Russell, која ги претставува 24те водечки универзитети во Велика Британија со највисоките истражувачки и академски стандарди.