СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР и МИНИ ЏЕКПОТ донесоа 15.700.347,00 денари кај играчите во една недела
- Детали
- петок, 20 мај 2022
Нови 15.700.347,00 денари легнаа на играчите на Видеолотарија Касинос Австрија благодарение на СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ, МИЛИОНЕР МИНИ ЏЕКПОТ добивките во текот на изминатава седмица.
Оваа недела се дружевме со двајца добитници на МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ. Првиот МИЛИОНЕР доаѓа од населбата Тафталиџе. Е.Ј. во неделата, на 15 мај го слушна среќниот сигнал за џекпот кај нашиот деловен соработник МОЦАРТ. Благодарение на МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ, тој освои добивка вредна 1.757.292 денари.
Следниот ден среќата ја посети населба Аеродром. Во Спортлаиф беше забележан и вториот МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ, овој пат во износ од 1.233.212 денари, кој го освои Г.Ј.
Овие два дена, очигледно, им беа наклонети на играчите кои сакаат да се забавуваат со видеолотариските игри, бидејќи во понеделникот се случи и настанот кој ја одбележа неделата. Сопружници од Охрид го освоија осмиот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ во 2022 година, вреден 10,7 милиони денари.
Неделава се радуваа и играчите кои благодарение на МИНИ ЏЕКПОТ добивките, вкупно освоија 1.963.222,00 ден.
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #МилионерЏекпот #СупермилионерЏекпот