Кога на корисниците им е најпотребно, А1 со најдобрата понуда во A1 Combo
- Детали
- петок, 20 мај 2022
Интернет и телевизија за само 799 денари месечно и екстра попусти за тв уреди, телефони или електрични скутери
Скопје, 20.05.2022 г. – Пролетната сезона А1 Македонија ја збогатува со нова промоција за своите корисници и ја отвора можноста за зголемени A1 Combo попусти за сите тарифни модели за фиксни услуги за приватни корисници.
Од денеска, во портфолиото на А1 Македонија, како дел од понудата во A1 Combo достапна е најновата промоција со која постоечките и нови корисници покрај супер брз и стабилен интернет, ТВ со најквалитетна слика на телекомуникацискиот пазар, добиваат и можност за попуст и претплата од само 799 денари месечно во A1 Combo M.
Дополнително, со најновата пролетна промоција останува и можноста корисниците да изберат нов ТВ уред од атрактивните Philips, Samsung или електричен скутер и тоа со вкупен попуст во висина од 21 илјади денари.
Со оваа промоција, А1 Македонија уште еднаш ја докажува својата посветеност кон креирање понуди кои ги задоволуваат корисничките комуникациски потреби , овозможуваат непрекината и неограничена комуникација за целото семејство и сето тоа со големи попусти осмислени да одговорат на секој домашен буџет кога на корисниците им е најпотребно.
Повеќе информации можете да најдете на www.A1.mk