Скопје Сити Мол знае како најдобро за секоја пригода - со шопинг и забава!
- Детали
- четврток, 19 мај 2022
Не постои универзално упатство за начинот и стилот на живеење. Сè е индивидуално. Но, едно нешто е заедничко за сите – слободното време. Како да се помине слободното време, а притоа да биде забавно, релаксирачко, по можност со искуство кое ќе остави белег зад себе? Сити Мол знае најдобро – со шопинг, многу дружење, добра храна и забава за сите генерации, сѐ во одличен амбиент.
Во денешно време, трговските центри се главните места за рекреација и често се прв избор на младите и тинејџерите кога станува збор за дружењето. Младите и нивниот нагласен темперамент се во потрага по нови искуства и предизвици кои ќе го збогатат нивното секојдневие. Сити Мол е секогаш тука со својата богата понуда и активности да го разигра секојдневието на младите. Со одлична композиција на локали, продавници и опции за забава, овој трговски центар е една од омилените локации на младите во чии рамки можат да ја истакнат својата креативност, да комуницираат, да се забавуваат, да направат одличен шопинг, како и да се релаксираат во некои од угостителските локали – дел од објектот.
Типот на забава варира во зависност на возраста – од места за дружба, аркадни игри и кино, ресторани и продавници за храна, до голем избор продавници за облека, проследено со богата програма настани и случувања.
Со својата богата понуда, Сити Мол е бескраен извор на модна инспирација за младите и поттик за креативно изразување со користење на модни парчиња за сечиј вкус - од ултра модерни, урбани и стилски, до свечена и гламурозни, согласно пригодата.
За комплетно искуство, тука се и бесплатните wi-fi зони, па сега без да “трошите“ од својот интернет можете да споделите со друштвото некоја интересна ситуација “во живо“, да ги информирате за најновата понуда во омилената продавница, да побарате мислење онлајн на “чет“ како нешто ви прилега или пак едноставно, да ја означите локацијата каде се наоѓате или да се пофалите со што сте се подновиле.
Без разлика дали станува збор за шопинг со другарките, ручек со пријателите, или можеби состанок, во трговскиот центар ќе ве пречека пријатен амбиент. Скопје Сити Мол е секогаш ИН кај различните генерации, а што е она што им е омилено кај овој мол со нас споделија Зоки (9 години), Матеја (12 години), Арбен (18 години) и Елена (25 години).
„Во Сити Мол е супер! Со другарите од маало често сме тука. Блиску ни е, на неколку минути пешки, па не мора да чекаме некој од возрасните да не донесе. Омилено ни е киното, секогаш со добри филмови и највкусни пуканки. А сега актуелен ни е и новиот парк, баш е кул!“ – расположен и на брзање, да не го чекаат другарите, ни кажа Зоки (9).
За Матеја (12), Скопје Сити Мол е вистинско место за излегување со другарките: “Едно од омилените места за искачање ми е Сити Мол. Ако сакаш со друштво на наша возраст да се видиш – тоа е правото место. Со другарките често седиме во “food court”, разговараме и се дружиме, запознаваме нови другари и другарки... и по некоја симпатија. Нормално, тука е и шопингот, затоа што знам дека во Сити Мол ќе најдам нешто тренди. Секогаш има најдобар избор, а со бесплатниот интернет одма можам да четувам и да и кажам на другарката што сум си купила“.
„Супер е што имаме вакво место каде можеме да се дружиме. Често сум тука, највеќе на кафе или искачање со друштво – и денска шема и навачер, затоа што има топ кафичи, секогаш со добра атмосфера. Доаѓам и на шопинг - некогаш како друштво на девојка ми, а често и за мене, поготово за спортска опрема. Изборот е огромен. Еве сега на пример, само што си купив нови патики, баш се фора!“ – ни кажа Арбен (18), кој го “уловивме“ пред еден од угостителските локали во трговскиот центар.
„Зошто Сити Мол? Затоа што тука можам да најдам сѐ што сакам. Од облека, чевли, козметика, книги, до храна, најразлични подароци за блиските, дури и ситници за домот. Плус, кога шетам со пријателките, ми останува време за кафе или ручек во некој од угостителските локали – се затоа што успевам да завршам со шопингот во рекордно време, благодарение на одличната организираност во молот. Атмосферата е супер, а специјално сакам да ги пофалам дека секогаш се чекор понапред од останатите кога станува збор за грижа за посетителите и овозможување на најдобри услови од секој аспект.“ – ни кажа Елена (25), среќна и насмеана од направениот шопинг.
Држејќи се до стандардот за квалитетен животот, исполнет со работи кои ги прават посетителите среќни, Скопје Сити Мол е сѐ што сакаат младите за квалитетно и исполнето време.