Искусете ги винариите од Фрушка Гора, царството на виновата лоза и вината, со Туристичката организација на Нови Сад

Винските приказни од фрушкогорското подрачје изникнати од традицијата која ја грее љубовта кон мистеријата на виното и чувањето на убавината, сладоста, богатството на пределите на кои настанува, влегоа на голема врата во туристичката понуда на новосадското подрачје.

iskusete-gi-vinariite-od-frushka-gora-carstvoto-na-vinovata-loza-i-vinata-so-turistichkata-organzacija-na-novi-sad-01.jpg

Сакајќи на гостите и резидентите на Нови Сад да им понудиме нешто ново, или барем на друг начин претставено винско искуство, во Туристучката организација на Град Нови Сад е осмислен и реализиран проект за претставување на винариите од Фрушка гора.

Патувањето што го направивме се потпира на потребите на посетителите, кои не мора да го познаваат виното, да им приближиме дел од животот и работата на фрушкогорските винари и разноликата понуда од винариите и да им раскажеме по нешто за лозјата што ги негуваат, за вината што ги прават, за винските семејства горди на вината со кои ги дочекуваат гостите.

Било тоа да е потфат каде и самите со време учиме како да ги гледаме работите и како да го пренесеме тоа што е најважно, а притоа со текст и фотографии да го задржиме впечатокот што нè допрел.

Се трудевме да гледаме и дознаеме сè што можевме во дадениот момент. Ги посетивме лозјата (таму каде што тоа беше возможно), учевме за сортите грозја за кои се определиле винарите, за вината што ги прават и начинот на нивното чување и созревање и наградите што ги добиле.

Виното во текот на овој потфат секогаш имало главна улога, но патот до полна чаша со божествен пијалак е долг и напорен - тој започнува во лозјата, со избор на сорти грозја и негување на виновата лоза. Посетувајќи ги винариите дознавме дека Фрушка гора е царство на винова лоза и вина. Наградите од најважните светски смотри и оцените за вината сведочат дека славата на овој вински реон им припаѓа на белите вина, а во последните години благодарение на наградите на најважната винска смотра, „Decanter World Wine Awards“ и оцените на платформата platformi „Wine Advocate“, покрај белите, розето и црвените фрушкогорски вина се најдоа меѓу веќе препознатливите вина од италијанските и француските вински регии.

iskusete-gi-vinariite-od-frushka-gora-carstvoto-na-vinovata-loza-i-vinata-so-turistichkata-organzacija-na-novi-sad-04.jpg

Фактот дека до нашиот куќен праг се наоѓа богатство кое сè повеќе наоѓа пат до избирливиот светски пазар треба да се искористи претпазливо, посебно бидејќи на сите вински приказни во секоја винарија се наредени специфични настани и понуди кои прават и после посетени педесетина винарии, секоја да нова носи некое ново неоткриено, посебно искуство. Едно од таквите е и гастрономското изобилство на вкус, мирис и бои кои настануваат претежно во рамките на истото семејно винско газдинство или во соседството.

iskusete-gi-vinariite-od-frushka-gora-carstvoto-na-vinovata-loza-i-vinata-so-turistichkata-organzacija-na-novi-sad-02.jpg

Фрушкогорските винарии никнаа, како на предностите на тероарот и љубовта кон виното која трае со генерации, така и на атрактивностите на Фрушкогорјето, таа ризница на природна убавина, споменик на културата, легенди и митови. Тешко може да ѝ се одолее на можноста посетата на винариите да се поврзе со посета на манастири, цркви, знаменити места, езера, или да искористи за шетање низ шума, престој во бања, излетишта. Содржината на фрушкогорскиот простор омамува. За да може полесно да се совлада просторот на таква комплексност и изобилство со винарии, на публиката ѝ понудивме да ги согледа и совлада низ шест вински патишта. Тоа се: „Novosadski vinski put“, „Vina kićenog Srema“, „Sremski Karlovci – Vinska galaksija“, „Vinogradi u zagrljaju Dunava sa pogledom na Tisu“, „Tragom vlastelinske porodice Odeskalki“ и „Iriške vinske priče“.

iskusete-gi-vinariite-od-frushka-gora-carstvoto-na-vinovata-loza-i-vinata-so-turistichkata-organzacija-na-novi-sad-03.jpg

Искуството за креирање на винските патишта преточено во текст и фотографии сега влегува во туристичката понуда на новосадските подрачја со приказни за вината, винариите и винските семејства, а може да се најдат и на веб-страната на Туристичката организација на град Нови Сад. Веруваме дека изобилството на убавина, топлина, креативност и радост што го сретнавме на патот на одличните вина, на фрушкогорските винари ќе им донесе нови посетители.

Гордана Стојаковиќ

Туристичка организација на град Нови Сад

фото: Александар Милутиновиќ

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg