Чоколино - Синоними за безгрижно детство повеќе од 50 години
- Детали
- вторник, 17 мај 2022
Синонимот за квалитетна детска храна и за безгрижно детство, Чоколино, повеќе од 50 години, заедно со незаменливиот лик и заштно лице на брендот, мечето Лино, не забавува сите уште од најрани денови. Секогаш се поврзува со безгрижно детство, радост, моменти на релаксација - едноставно кажано, предизвикува среќа. Затоа и не е чудно што Чоколино е храна за сите генерации, бидејќи со својот уникатен рецепт и квалитет буди само позитивни емоции, без разлика на возраста.
Изгледот се менува, но содржината останува иста
Речиси од самиот почеток мечето Лино е заштитно лице на производот Чоколино. Уште од првите години Лино беше поставен од едната страна на амбалажата на Чоколино, а кон крајот на седумдесеттите години беше поместен напред, со што стана синоним за омилениот детски лик и заштитен знак на Чоколино. Под името Медолино, мечето се појавуваше се до 1995 година, кога стана мече Лино, што беше позвучно и препознатливо продолжение на секое име на производ кој е поврзан со детска храна. Од 1999 година, името на мечето се применува и на дизајнот на кутијата, а сегашниот изглед Чоколино го доби во 2017 година, при последниот редизајн, со кој беа модернизирани препознатливите елементи на кутијата Чоколино: мечето и куќичките.
Проширување на асортиманот под брендот Чоколино
Со текот на времето, слушајќи ги желбите и потребите на лојалните потрошувачи, асортиманот под брендот Чоколино се прошири, така што денес покрај оригиналното Чоколино може да се најдат: Лешник Чоколино, Чоколино Бејби, Чоколино безглутен...но и новитетите Чоколино фит, Чоколино Плус Вајт и Чоколино Протеин Пауер.
Оние кои сакаат крцкање, но и дополнителна енергија, дојдоа на свое со Чоколино плус вајт, овесна каша, корнфлекс и крцкави житарки со темно чоколадо. Физички активните и атлетските типови ги освои Чоколино Протеин Пауер. Овој хранлив оброк базиран на ориз и овес, богат со протеини, магнезиум и витамини, а покрај неодоливиот вкус на чоколадото, дава дополнителна сила и ја надополнува протеинската исхрана со квалитетен whey протеин во идеален сооднос – 21г по оброк. Дамите го препорачуваат Чоколино фит, како извор на магнезиум, Б витамини. И покрај тоа што е со 30% помалку шеќер, задржан е врвниот оригинален чоколино вкус од нашата младост.
Вкусот на Чоколино не се надраснува
Популарноста и препознатливоста на Чоколино се шири и надвор од границите на нашиот регион, па така Чоколино може да се најде во дваесетина земји во светот, главно на пазарите во Адриа регионот и Западна Европа. Вкусот во кој се ужива повеќе од 50 години е тајната на долговечноста и обожавањето на Чоколино, без разлика дали е од страна на големи или мали. Секој има свој рецепт за Чоколино, своја чинија за Чоколино, свое време за Чоколино... затоа што одличниот вкус на Чоколино никогаш не се надраснува. Ова го поткрепува и фактот што годишно се јадат повеќе од 95 милиони оброци Чоколино.