Промоција на новите дизајнирани лименки Златен Даб Limited Еdition
- Детали
- понеделник, 16 мај 2022
Вчера во недела на 15 мај во Three Kitchen & Bar во Скопје, гостите уживаа во промоција на новите дизајнирани лименки Златен Даб Limited edition.
Дизајнот на лименките го изработија познатите домашни илустратори Елена Чемерска, Никола Радуловиќ, Руки Чуки и Ване Костуранов. За нив, како што истакаа самите автори, претставувало огромна чест и предизвик да се работи илустрација за бренд каков што е Златен Даб – инспиративен, креативен и секогаш отворен за поддршка на локалните уметници. Дизајните изобилуваа со интензивни бои, пренесувајќи позитивни вибрации и екстра доживување со пивото Златен Даб. Инаку, новитет за оваа година се и дизајнираните етикети на шишињата од 0,33 l кои ќе бидат достапни во кафулиња и ресторани.
Дополнително посетителите, освен што можеа да добијат пакет дизајнирани лименки како подарок, уживаа во вкусните бургери на скара и музиката на диџеите Shorty P и Irie Scratch.