Како до посјајна кожа и порамномерен тен на кожата?

Изложеноста на сонце е главна причина за појава на хиперпигментација на кожата, бидејќи сончевата светлина е главниот фактор за производство на меланин. Дополнителни фактори се хормоналните промени, како и самиот процес на стареење.

kako-do-posjajna-kozha-i-poramnomeren-ten-na-kozhata-01.jpg

Меланинот делува како природен крем за сончање на нашата кожа така што не заштитува од штетните УВ зраци. Но, прекумерното изложување на сонце може да го наруши овој процес, и да доведе до хиперпигментација.

Откако ќе се појават темните дамки, дополнителното изложување на сонце може да го влоши проблемот со тоа што старечките дамки (или сончевите дамки), мелазмата и пост-воспалителните хиперпигментациски дамки ќе бидат уште потемни.

kako-do-posjajna-kozha-i-poramnomeren-ten-na-kozhata-02.jpg

Важно е да се знае дека сончевите зраци влијаат на кожата дури и во облачните денови и затоа заштита е потребна во текот на целиот ден. Освен што ја намалуваат хиперпигментацијата, Eucerin Anti-Pigment Day SPF 30 и Anti-Pigment Day SPF30 Tinted (со прекривен ефект, светла и потемна нијанса) нудат и ефикасна заштита од UVA и UVB (SPF 30) и спречуваат формирање на дополнителни пигментни дамки предизвикани од сонцето.

kako-do-posjajna-kozha-i-poramnomeren-ten-na-kozhata-03.jpg

Дополнително новиот Еуцерин анти пигмент серум ги намалува темните дамки и овозможува поубав сјај на кожата. Фактички патентираниот Тиамидол кој го има во овој производ обезбедува изедначување на тенот на кожата. Може да се користи за различни типови на кожа, брзо се впива и ефектот е мазна и негувана кожа.

Ограничувањето на изложеноста на кожата на сонце, исто така, ќе помогне да се намалат случаите на хиперпигментација. Обидете се да се држите подалеку од сонце кога е најинтензивно и носете заштитна облека вклучувајќи капи за сонце и очила секогаш кога е можно. Кога кожата е изложена на сонце, нанесете и производ за заштита од сонце: со соодветно ниво на заштитен фактор, кој е специјално формулиран за типот на вашата кожа.

kako-do-posjajna-kozha-i-poramnomeren-ten-na-kozhata-04.jpg

Употребата на крем за сончање со широк спектар на заштита може дополнително да помогне да се спречи хиперпигментација.

kako-do-posjajna-kozha-i-poramnomeren-ten-na-kozhata-05.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg