Светско, а наше: Македонската емотивна реклама која ги освои социјалните мрежи!
- Детали
- петок, 13 мај 2022
Медикус Хелп ја одбележува 30-годишнината од своето постоење. По повод јубилејот, деновиве на социјалните мрежи тие изненадија со нивното роденденско видео кое воодушеви илијадници луѓе, а веруваме дека ќе ве освои и вас.
Емотивното видео ќе го стопли вашето срце - со едноставна и позитивна порака за пријателство, грижа и поддршка. Главната цел на кампањата е да нè потсети дека сè што ни треба за среќен живот се заедничките моменти со нашите сакани.
„Нашата компанија 30 години е водена со истата мисија, да го подобриме секојдневието на лицата кои имаат здравствени проблеми како и оние кои активно се грижат за своето здравје.“ - велат од Медикус Хелп
Medicus Help - твој вистински пријателПушти звук и појди со нас. 💙 Пронајди го твојот вистински пријател на www.medicushelp.mk #30godiniMedicusHelp #30годиниМедикусХелп
Posted by Medicus Help on Wednesday, May 11, 2022
Медикус Хелп е реномирана компанија која е најпозната по своите ортопедски производи, производи за олеснување на движењето и за нега во домашни услови, спортска и фитнес опрема како и производи за жени по операција на дојка.
„Како тим, секогаш сме верувале во магијата на пријателството и во вистинската грижа еден за друг. Затоа веруваме дека нашата кампања ја доловува суштината на човековата поврзаност.“ - додадоа од тимот на Медикус Хелп за новата реклама.
Зад реализацијата на рекламата стои тимот на агенцијата „Colora Digital“ од Скопје.