Сања Петровска Поповиќ: „Забите се четкаат наутро за да ги зачуваш пријателите, додека пред спиење за да ги зачуваш забите!“

Сања Петровска Поповиќ  е млад a веќе докажан стоматолог, вистински професионалец во областа. Урбан женски лик, секогаш ведра и отворена за комуникација со своите пациенти кои доаѓаат во ПЗУ Бабамова.

sanja-petrovska-popovikj-zabite-se-chetkaat-nautro-za-da-gi-zachuvash-prijatelite-dodeka-pred-spienje-za-da-gi-zachuvash-zabite-001.jpg

Со својот позитивен пристап успева кај своите пациенти да го сузбие стравот од стоматолог кој е најчесто неоправдан. Вљубеник во својата професија – стоматолог, но и во животот. Таа се труди да ужива во секој миг и работите да ги прави со насмевка. Токму таква насмеана ја сретнавме во ординација, поставувајќи им непосредни и отворени прашања на своите клиенти. Со цел да едуцираме и да поттикнеме здрава навика за посета на стоматолог, нашата редакција се реши на разговор и да и постави неколку прашања на Сања.

1. Зошто е важна посетата на стоматолог?

- За зачувување на оралното здравје, пред се! Редовната посета на стоматолог овозможува да се одржат здрави непцата и забите. Навремено се лоцираат проблематичните зони и се решаваат во почетна фаза. Колку повеќе се чека за посета на стоматолог проблемите стануваат посериозни, за санација се потребни покомплицирани интервенции, а со тоа е поголем финансиски издаток.

Се спречува проградирање на гингивитот и кариесот кон посериозни стадиуми како што се пародонтопатија и губење на забите. Губењето на забите со тек на време доведува до измена на насмевката и целосната физиономија на пациентот, а исто така влијае и на квалитетот и начинот на кој што пациентот се храни. Односно, недоволно изџваканата храна и конзумирање на крупни парчиња може да доведе до оптеретување на желудникот и отежнато варење на храната.

Има и многу други заболувања кои се поврзани со запоставената орална хигиена. Затоа редовната посета на стоматолог е важна за зачувување на оралното, но и на целокупното здравје на човековото тело.

2. Дали и колку ве исполнува чувството дека им помагате на луѓето?

Сум комуникативна личност, ја сакам својата професија и сакам што во мојата професија има интеракција со луѓе. Во принцип, сите го занемаруваат своето здравје се додека не го изгубат, па потоа почнуваат да го вреднуваат и да се грижаат за него. Мило ми е што јас можам да помогнам и пациентите тоа го ценат. Секогаш го вложувам својот максимум и кога ќе се добие посакуваниот резултат ме исполнува среќата и насмевката  на лицата на моите пациенти.

sanja-petrovska-popovikj-zabite-se-chetkaat-nautro-za-da-gi-zachuvash-prijatelite-dodeka-pred-spienje-za-da-gi-zachuvash-zabite-03.jpg

3. Кои се најчести грешки при нега на забите?

Низ праксата осознав дека пациентите ги четкаат забите само наутро. Забите се четкаат наутро (за да ги зачуваш пријателите) и навечер пред спиење (за да ги зачуваш забите) J

Исто така дека кратко време ги четкаат забите. Оптимален минимум на време за четкање заби е 3 минути.

Се игнорираат останатите структури во усната празнина како што се непцата, јазикот и букалната лигавица. Непцата се одржуваат со четка, а за јазикот и лигавицата постојат посебни чистачи за јазик. Редовното чистење на овие структури превенира воспалени напца и fetor ex ore (лош здив).

- Четкаат преагресивно. Мислат дека ако се употреби притисок и брзина подобро ќе исчеткаат. Но со ова тие можат да доведат до оштетување на структурата на емајлот на забите, оштетување на непцата и да добијат сензитивни заби особено во пределот на вратот на забите.

- Користењето четка со цврсти влакна, во комбинација со агресивно четкање исто така доведува до оштетување на структурите и до сензитивни заби.

Четката е најважна во одржувањето на оралната хигиена (многу поважна од пастата за заби). Истата треба да биде со меки влакна.

За нежно и темелно чистење на забите  ги препорачувам четките од Мизуха чии влакна се меки, но воедно збогатени со природен кварц.  Кварцот испушта негативни јони што делува антибактериски и го намалува создавањето на забни наслаги. Со овие четки се препорачува четкање без или со минимално количество на паста.

sanja-petrovska-popovikj-zabite-se-chetkaat-nautro-za-da-gi-zachuvash-prijatelite-dodeka-pred-spienje-za-da-gi-zachuvash-zabite-04.jpg

4. Кој е вашиот совет?

Четкајте ги забите правилно наутро и навечер пред спиење. Користете четка со меки влакна. Не чекајте да почне да ве боли заб, туку одете на редовна контрола на секои 6 месеци кај вашиот стоматолог.

Смејте се ,правете ги работите што ве прават среќни. И не заборавајте дека насмевката е најубавиот украс што можете да го имате.

„Ајде да се среќаваме со насмевка, бидејќи насмевката е почеток на љубовта” – Мајка Тереза.

sanja-petrovska-popovikj-zabite-se-chetkaat-nautro-za-da-gi-zachuvash-prijatelite-dodeka-pred-spienje-za-da-gi-zachuvash-zabite-01.jpg

 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg