Настан во Градски парк на 15-ти мај по повод Меѓународниот ден на семејството организиран од студентите на Институтот за семејни студии

На 15-ти мај по повод Меѓународниот ден на семејството, студентите од Институтот за Семејни студии при Филозофскиот факултет во Скопје организираат настан во градскиот парк со почеток од 12 часот.  

nastan-vo-gradski-park-na-15-ti-maj-po-povod-megjunarodniot-den-na-semejstvoto-organiziran-od-studentite-na-institutot-za-semejni-studii-01.jpg

Семејството е почетната гранка низ која започнува расцветувањето на сите индивидуи, место кое треба да овозможи мир и хармонија, но и да даде сила на секој член во него полесно да се справи со надворешениот свет. Како што потенцирал основачот на социологијата Огист Конт семејството претставува основната клетка во општеството и секој од нас треба да се труди да го направи подобро, да се поправат семејните односи и постојано да се подаруваат насмевки.

Меѓународниот ден на семејството служи за да се докаже значењето на најважната институција во светот, семејството. Освен тоа, на овој ден им овозможува на членовите од семејството да се одморат од секојдневните обрвски и да можат слободно да поминат квалитетно време со своите најблиски.

Се што треба да направите на овој настан е да присуствувате, а Институтот за Семејни студии ќе се погрижи да ви овозможи прекрасен ден.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg