Скопје Мериот ја одбележува шестата година од своето постоење со нов Генерален менаџер и амбициозни планови за иднина

Скопје Мериот, како дел од брендот Marriott International, ја одбележува шестата година од своето постоење, со нов Генерален менаџер, амбициозни планови за иднина и уште поголема одговорност кон своите клиенти, партнери и соработници.

skopje-meriot-ja-odbelezhuva-shestata-godina-od-svoeto-postoenje-so-nov-generalen-menadzher-i-ambiciozni-planovi-za-idnina-01.jpg

(Скопје, 12.05.2022) - Скопје Мериот веќе шеста година по ред е лидер на пазарот во областа на хотелиерството и угостителството и префериран избор на светски патници, клиенти, гости и соработници кои бараат сигурен партнер од доверба, со светски докажани стандарди и кредибилитет.

Во пресрет на одбележување на шестиот роденден, дојдоа и низа позитивни промени од кадровски и стратешки аспект како и официјално нов Генерален менаџер, г-дин Огуз Ерујгун. Г-дин Ерујгун доаѓа на позицијата наследувајќи го г-дин Волфганг Колер, кој по 4 успешни години ја продолжува својата мисија во Казахстан, исто во рамки на Мериот семејството.

Ерујгун поседува речиси 30 годишно меѓународно искуство во хотелиерството, при што веќе 10 години е дел од интернационалното Мериот семејство менаџирајќи различни хотелски брендови. Последните 3 години пред да дојде во Скопје Мериот ги помина како Генерален Менаџер на Ренесанс Измир.

skopje-meriot-ja-odbelezhuva-shestata-godina-od-svoeto-postoenje-so-nov-generalen-menadzher-i-ambiciozni-planovi-za-idnina-02.jpg

Ерујгун со своето доаѓање носи нова свежа енергија, иновативни идеи, пристап и непроценливо искуство. Како што вели тој, токму искуството на повеќе работни позиции, посебно задржувајќи се во финансискиот сектор, каде што работел како Директор на финансии 6 години, му овозможило да ги стекне сите потребни познавања и вештини.

Со своето долгогодишно искуство, г-дин Огуз Ерујгун ќе има пред сѐ голема одговорност да ја продолжи успешната приказна на Скопје Мериот, но исто така успешно да одговори на сите предизвици и високо поставени цели за дополнителен раст и развој на брендот.

„Со голема чест и задоволство ја прифатив оваа позиција, посебно имајќи го предвид реномето и досегашната работа на хотелот. Голема е одговорноста да се преземе кормилото на бренд кој е веќе докажан, посебно затоа што во следниов период имаме зацртано амбициозни проекти и планови. За мене нема поголемо задоволство од фактот да се гледа Скопје Мериот континуирано со целосно исполнет капацитет, дури и во услови на криза и светски предизвици. Драго ми е што имаме тим кој работи посветено и сплотено. Уште поголемо задоволство ми причинуваат долгорочните партнерства што ги имаме и нивната лојалност кон нас. Брендот Мериот работи по светски признаени и имплементирани стандарди и она што можам со сигурност да го потврдам е дека нашите партнери, гости и клиенти во иднина можат да сметаат на нас, како и досега”, изјави г-дин Ерујгун.

skopje-meriot-ja-odbelezhuva-shestata-godina-od-svoeto-postoenje-so-nov-generalen-menadzher-i-ambiciozni-planovi-za-idnina-03.jpg

Мериот во изминативе 6 години покажа како е да се биде на врвот, како место препознатливо по секаков тип настани од социјалниот и културниот живот во еден поинаков амбиент, по светски стандарди и протоколи. Место каде што секој настан има своја персонална приказна и пристап, како резултат на иновативноста и креативноста на нашиот тим кој посветено работи на исполнување на желбите на клиентите.

Општествената одговорност останува приоритет на Скопје Мериот. Во изминатата година, хотелот поддржа низа проекти со кои се помогна на ранливи категории и социјално загрозени групи.

„Оваа прилика сакаме да ја искористиме од име на целиот тим на Скопје Мериот да се заблагодариме на сите наши гости, клиенти и партнери кои со години назад ја укажуваат довербата. Партнерствата на долг рок секогаш биле наш приоритет. Пред сѐ, најголема благодарност до тимот на вработени на Скопје Мериот, што и покрај пандемијата и предизвиците со кои се соочуваше светот, континуирано растеше и е носечки столб на нашиот успех и највреден капитал. Ја продолжуваме успешната приказна понатаму” – велат од Скопје Мериот хотел.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg