Интервју со еден од основачите на Купи на Рати - Радојка Димитријеска Јошевска
- Детали
- среда, 11 мај 2022
Купи на Рати е првата македонска компанија која овозможува онлајн плаќање на рати за најразличен вид на производи. Потрошувачите можат да го нарачаат производот којшто им е потребен, а да го плаќаат на месечни рати – од 3 до 60 – во зависност од нивните потреби.
Еден од основачите на Купи на Рати е Радојка Димитријеска Јошевска, која во продолжение споделува неколку детали за создавањето на компанијата, заедно со нејзините идни цели.
1. Како дојдовте до идејата за креирање на ваков вид на компанија?
Дигитализацијата е она што го движи светот моментално, па според тоа добив инспирација да ја воведам дигитализацијата во нашата држава. Секаде во Европа и надвор од неа, ваквиот начин на живот е секојдневие.
Главната цел на оваа замисла беше секој граѓанин и секое домаќинство да можат да си дозволат сè што им треба во домот, но сето тоа да биде лесно, брзо и ефтино.
Доколку се јави потреба од купување на повеќе производи одеднаш, нашата компанија е тука за да го овозможи тоа без никакви потешкотии и во само неколку чекори.
2. Што беше Вашата инспирација и мотивација?
Постојат бизниси кои нудат купување на рати, но целиот тој процес претставува потешкотија за потрошувачите, бидејќи процесот на поврзување со финансиските друштва и патување до истите е долг и потполно непотребен, кога нашата компанија го нуди сето тоа со само еден телефонски повик.
Затоа нашата компанија го олеснува секојдневието, заштедува време за возење до физичка локација, чекање во канцеларии, плаќање паркинг, потпишување на договори и слично.
Дополнително на тоа, нашата компанија нуди и производи кои ги нема во Вашиот град, односно ги има во други градови во нашата држава и само со неколку кликови го добивате производот што го посакувате, а се наоѓа далеку од Вашата локацијата.
Исто така, покрај сите придобивки кои ги нудиме како компанија, секој производ доаѓа со гаранција за истиот и бесплатна достава до домашна адреса.
Во денешно време кога сите некаде брзаме, времето е пари, а најважно ни е да го поминеме времето со нашите најмили, затоа сме ние тука да им го овозможиме тоа на нашите потрошувачи.
3. Колку време сте на пазарот?
Купи на рати е веќе 4 години на пазарот со голем број на задоволни потрошувачи.
Ние сме верифицирана компанија која нуди производи што можете да ги видите на нашата веб страна. Нашата компанија е основана пред 4 години и е целосно легална, односно ние имаме компанија којашто е регистрирана во Централен регистар. Не функционираме на пазарот само преку Фејсбук страна без никаква позадина.
Со ова им го намалуваме лошото искуство на потрошувачите од страна на лоши производи, измами, злоупотреба на податоци и слично.
4. Кои се идните цели на компанијата?
Главна цел од самиот почеток на компанијата е да им се овозможи на потрошувачите сè што може да се купи онлајн и на рати.
Па според тоа, оваа цел е сè уште број 1 за нас. Повеќе производи, поголем избор, подобри можности, повеќе рати за нашите купувачи да бидат задоволни и комплетно опремени со голем број на производи и услуги кои ќе ги плаќаат на рати без тоа да има големо внијание на нивниот буџет.