Gorenje вградните рерни се совршен избор за сите љубители на вкусната храна и забавните семејни моменти

gorenje-vgradnite-rerni-se-sovrshen-izbor-za-site-ljubiteli-na-vkusnata-hrana-i-zabavnite-semejni-momenti-01 (1).jpg

Дали мислите дека не сте доволно вешти во подготовката на храната и често ви се случува тоа што го готвите да изгори, да е суво или недоволно печено? Освен тоа, не сте љубител на комплицирано чистење на рерната, па претпочитате да избегнувате да ја користите? Не сте единствени, но има решение, бидејќи сега постои Gorenje OptiBake рерната, која стресот од подготовка на храна ќе го направи минато! Рерната е идеално решение за сите оние кои сакаат да уживаат во процесот на подготовка на омилените јадења, но и во забавни семејни моменти.

Олеснете го готвењето со функции дизајнирани да им служат и на професионалните готвачи и на оние кои не се снаоѓаат најдобро во кујната. Пред вас е голем избор на многу практични функции, кои освен што ќе ви заштедат време, кое можете да го поминете со вашите најблиски, ќе ви овозможат и уникатно искуство за подготовка на вкусни специјалитети.

Опции кои сигурно ќе ги воодушеват сите почетници се AutoBake, односно целосно автоматизирана програма за готвење со 22 темелно тестирани рецепти и StepBake што овозможува полесно фазно подготвување на јадењето со рачно прилагодување на програмата во три чекори од процесот на печење.

Заборавете на премногу или недоволно печена храна

Благодарение на комбинацијата на заоблениот облик и големиот простор од 77 литри, ќе добиете одлични резултати. HomeMade обликот е дизајниран со цел рамномерно да дистрибуира топол воздух низ целата внатрешност на рерната, што секогаш дава совршени резултати. Дополнително, оваа функција придонесува за печење на неколку нивоа, бидејќи Gorenje OptiBake ја има и функцијата за печење повеќе нивоа со која можете да печете до пет јадења во исто време. Опцијата SteamAssist им овозможува на корисниците да вбризгаат пареа за да добијат совршено крцкава кора.

gorenje-vgradnite-rerni-se-sovrshen-izbor-za-site-ljubiteli-na-vkusnata-hrana-i-zabavnite-semejni-momenti-02 (1).jpg

За оние кои сакаат да се хранат поздраво

Доколку сакате да ги промените вашите навики во исхраната, тука е функција AirFry која ја „пржи“ храната користејќи само топол воздух без да ги менува вкусот и текстурата на храната. Оваа опција ќе ви олесни да свртите нов лист и да придонесете за одржување на вашето здравје.

Полесно чистење значи повеќе слободно време и помалку стрес

Чистењето на рерната е сигурно една од најмалку саканите и најтешките домашни работи. Колку често додека ја чистите рерната размислувате за тоа како повеќе би сакале да уживате во вашето хоби или да поминувате време со членовите на семејството? Веќе не мора да биде само имагинација, бидејќи треба да изберете само еден од неколкуте системи за самочистење.

Чистењето со пиролиза PyroClean е најефикасен начин кој користи екстремно високи температури за да ги согори остатоците од храна. Тука е и каталитичкото чистење CataClean, кое исто така, е одличен начин на чистење бидејќи капакот на вентилаторот ги впива маснотиите и нечистотијата што се создале при печењето на храната. Од друга страна, AquaClean може да ви помогне да ги омекнете нечистотиите и маснотиите за да можете лесно и брзо сами да ги избришете, а сѐ што треба да направите е да истурите вода во садот за печење и да ја активирате оваа програма. 

gorenje-vgradnite-rerni-se-sovrshen-izbor-za-site-ljubiteli-na-vkusnata-hrana-i-zabavnite-semejni-momenti-03 (1).jpg

За оние кои сакаат да ги надминат своите граници и да станат подобри и позадоволни кулинарски мајстори, Gorenje OptiBake рерната е идеалното решение. Уживајте во среќните семејни моменти, а подготовката на храната нека биде заедничко задоволство. Повеќе информации за Gorenje OptiBake вградните рерни може да најдете на mk.gorenje.com.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg