Mozzart продолжува да го поддржува здравствениот систем

Пристигна донација до детското одделение во Општата болница од Прилеп

mozzart-prodolzhuva-da-go-poddrzhuva-zdravstveniot-sistem-01.jpg

Автомобил за детска клиника, болнички инвентар за Здравствен дом Тетово за просториите за имунизација и итна помош, лекови и медицински материјали за клиничка болница Штип, ЕКГ апарат за општа болница Битола, потрошен материјал, играчки и опрема за Специјалниот завод Демир Капија... Помош од компанијата Mozzart пристигнува до секоја медицинска установа во Македонија која има потреба од тоа, а последна во низата е донација за детското одделение во Општата болница „Борка Талески“ од Прилеп.

„Многу сме благодарни на оваа општествено одговорна компанија Mozzart за непрекинатата поддршка што ја дава на нашата установа и за сите акции што ги организира во нашиот град“, велат од детското одделение во Општата болница Прилеп.

mozzart-prodolzhuva-da-go-poddrzhuva-zdravstveniot-sistem-02.jpg

Од Mozzart велат дека оваа компанија со години ја поддржува работата на болниците и клиничките центри низ земјава, често креирајќи и наменски акции за собирање средства за набавка на најсовремена опрема.

„Се трудевме во текот на целата година да им пружиме помош на здравствените институции, а особено сме горди што секогаш брзо сме реагирале и постапувале онаму каде што е најпотребно“, изјавија од компанијата Mozzart.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg