ИутеКредит донира сензорна соба во ООУ “Аврам Писевски” соба во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Денеска е ставена во употреба сензорната соба во ООУ „Аврам Писевски“ во општина Карпош, која е богата со стимулативни и асистивни содржини со кои ќе се поттикнува аудитивниот, визуелниот, физичкиот и тактилниот развој кај учениците со и без пречки во развојот или образовни потешкотии во ова училиште.

iutekredit-donira-senzorna-soba-vo-oou-avram-pisevski-soba-vo-ramki-na-proektot-bidi-in-bidi-inkluziven-bidi-inkludiran-01.jpg

ИутеКредит како општествено одговорна компанија се приклучи кон целите на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ финансиран од Европската Унија, и ја поддржа реализацијата на сензорната соба.

„Со големо задоволство се вклучивме на патеката на образовна инклузија во нашата земја. Како општествено одговорна компанија вложуваме во создавање на услови за поквалитетен живот на секој поединец. И бидејќи веруваме во инклузивен свет, преку личен пример со оваа активност, се надеваме дека ќе поттикнеме вложувања во образованието и во создавање на услови за еднаква пристапност на образование на секое дете.“ – рече Јасмина Апостолоска од ИутеКредит.

iutekredit-donira-senzorna-soba-vo-oou-avram-pisevski-soba-vo-ramki-na-proektot-bidi-in-bidi-inkluziven-bidi-inkludiran-02.jpg

ИутеКредит Македонија ги препознава иницијативите кои прават вистински промени во општеството и ова е втора сензорна соба која влегува во функција како резултат на донација на компанијата. И во иднина продолжуваме да работиме кон креирање на еднавки можности за секое дете и многу искрени, детски насмевки.

iutekredit-donira-senzorna-soba-vo-oou-avram-pisevski-soba-vo-ramki-na-proektot-bidi-in-bidi-inkluziven-bidi-inkludiran-03.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg