Роденденски попуст во Tuctuc&friends - израдувајте ги најмалите со највпечатливите парчиња облека и додатоци
- Детали
- среда, 04 мај 2022
Тортата е подготвена, свеќичките запалени, балоните надувани... Tuctuc&friends го слават својот трет роденден!!!
Овој месец Tuctuc&friends прославуваат три години од отворањето на нивната прва продавница во Скопје, а по тој повод подготвија и многу роденденски изненадувања за вас.
Во периодот од 4ти до 15ти мај нивната најнова пролет/лето колекција на облека и обувки ќе биде достапна со супер роденденски попуст и до 30%.
Посетете ги нивните продавници во Тафталиџе и Дебар Маало или нивната онлајн продавница - shop.tuctucandfriends.mk и добијте:
- 10% намалување на еден купен производ
- 20% намалување на два купени производи
- 30% намалување на 3 и повеќе купени производи
Tuctuc.and.friends.mk е ексклузивен застапник за Македонија на шпанскиот бренд за детска облека и опрема tuctuc. Инспирирани од детската фантазија, уште од 1994 година, tuctuc ги креираат најразиграните и највпечатливите колекции на облека, обувки, аксесоари и опрема за новороденчиња и деца до 16 години.
За оваа сезона откриваме многу нови колекции во кои Tuc Tuc останува верен на неговиот кул, специјален и забавен стил. Бои, неверојатни форми, уникатни и многу специјални облеки благодарение на иновативни материјали и ткаенини.
Дали знаевте дека Tuc Tuc воспоставува внатрешен код за корпоративна општествена одговорност? Со тоа, таа се обврзува да спроведе општествено одговорни активности кон животната средина и околината. Уште една причина да се сака овој моден бренд за деца и бебиња. И не само тоа, туку и нивните производи имаат забавен стил, притоа земајќи го во предвид квалитетот и употребливоста на сите производи.
За секогаш да бидете информирани за нивната најнова понуда и промоции следете ги и нивните профили на Facebook и на Instagram.