Станбен кредит од Комерцијална банка со најниски каматни стапки и најдолг рок на отплата до 40 години

Скопје, 03.05.2022 година – Станбениот кредит на Комерцијална банка, кој ги има најниските каматни стапки на пазарот, отсега е и со најдолг рок на отплата до 40 години.

stanben-kredit-od-komercijalna-banka-so-najniski-kamatni-stapki-i-najdolg-rok-na-otplata-do-40-godini-01.jpg

Со Станбениот кредит на Комерцијална банка клиентите добиваат уникатна можност за нов стан или куќа по најповолни услови на пазарот. Кредитот е со каматни стапки од само 2,9%, фиксна во првите 10 години, и 3,7%, променлива за останатиот период на отплата. Во промотивниот период до 31.08.2022 година е без надомест за одобрување и за процена на имот и со можност за добивање и СМАРТ кредит преку картичка со лимит од 120.000 денари.

Станбениот кредит е достапен во опции со или без вклучено животно осигурување преку Триглав Осигурување Живот АД Скопје, со можност за купување дом или деловен простор. Повеќе информации за Станбениот кредит се достапни на следниот линк.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg