Објавени учесниците на ВиноСкоп 2022

Стигнавме и до делот кој сите со нетрпение го очекувавме!

objaveni-uchesnicite-na-vinoskop-2022-01.jpg

Со особена чест и задоволство, Крафт Продукција, под покровителство на Град Скопје, и заедно со пријателите од Wines of Macedonia ви ги претставува и оние кои ќе претстават најразлични, оригинални и за нас автентични вкусови на виното во кои заедно ќе уживаме!

Тајната на нашето вино е во сонцето, кое придонесува вкусот на секој грозд да ни пружи извонредно уживање.

Дека виното е нашиот симбол ќе ни покажат нашите омилени винарии Тиквеш, Стоби, Бовин, Камник, Далвина, Попов, Сопот, Лазар, Венец, ГД Тиквеш, Пивка, Квин Марија и Тиквешките семејни винарии: Арабска Винарија, Иванов Семејна Винарија, Old school winery, ВК Дестилерија, Ерос Винарија, Максимилијан, Марков Семејна Винарија.

Секоја од винариите ни е многу добро позната, а тоа е причина повеќе заедно да се собереме на плоштадот Македонија и да уживаме во богатата палета на вина кои тие ќе ни ги понудат!

Заедно со нив, ќе ни се придружат и пријателите од Кожувчанка, Поповски, Два Елена, Еуролаб и Империал Тобако.

Моден Викенд Скопје пак ќе се претстават со уникатниот концепт SLOW WINE - SLOW LIFESTYLE POP-UP Shop. Настан кој има за цел да се осознаат македонските slow lifestyle дизајнери идиверзитетот на slow wine, да се најдат уникатни дизајнерски парчиња, и вина од малите семејни винарии коишто ќе ги задоволат вашите желби и потреби.

За се ова да биде возможно, тука се и Триглав, Шенкер, ГИЗ, Пакомак и Дуна.

 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg