Како до рамномерен и природен тен на кожата, а истовремено и ефикасна заштита од сонце?
- Детали
- четврток, 28 април 2022
Иновациите во медицинската козметика дефинитивно многу ни го олеснуваат животот. Веќе нема потреба да се комбинираат пудри, со производи за заштита од сонце, за да се покријат неправилности на лицето а притоа да бидеме заштитени од штетните сончеви зраци. Новиот Eucerin® Sun Oil Control Tinted гел-крем обезбедува заштита од сонце, а истовремено и рамномерен и природен тен на кожата.
Ефикасно ја заштитува и негува чувствителната кожа и не остава масни траги на кожата. Достапен е во две нијанси (светла и потемна) а со него се постигнува највисока заштита од сонце со Advanced Spectral Technology од Eucerin®. Комбинира антиоксидант ликохалкон А за неутрализирање на слободните радикали предизвикани од УВ-те зраци и високоенергетската видлива (HEVIS) светлина, со глициретинска киселина чија што улога е да ги помага сопствените механизми за обновување на ДНК-та на кожата.
Производот не е масен, не е леплив и не остава бели траги, а се апсорбира во кожата за неколку секунди. Перфектно решение за сите кои што не ги сакаат стандардните креми за заштита од сонце.
Сончевите денови отсега ќе ги има се’ почесто, а тоа значи дека навреме треба да обезбедиме квалитетна заштита за нашата кожа, посебно оние кои се склони кон хиперпигментни промени на кожата. Се одложува фотостареењето на кожата и ни се овозможува да уживаме во благодетите на сонцето!