Државна лотарија го додели петтиот стан на семејство Фезуљи од Тетово
- Детали
- четврток, 28 април 2022
Државна лотарија со радост ве запознава со Зулкадер Фезуљи, добитник на последната премија ‒ стан, од инстант лозот Доме сладок доме.
Зулкадер Фезуљи од тетовското село Пршовце е петтиот добитник на стан во Скопје од инстант лозот Доме, сладок доме. Станот, со големина од 83 m2 и гаража од 21 m2, е во вредност од 6 417 919 денари (со сите вклучени давачки, данок на имот, трошоци за пренос и др.), а се наоѓа во една од најубавите скопски населби – Аеродром.
Со радост споделуваме и за убавата средба со среќните добитници. Имено, по завршување на процедурата околу целосната документација за предавање на станот, се упативме кон среќната зграда на улица „Методија Шаторов-Шарло“. Разгледувајќи го станот, покрај добитникот Зулкадер, најсреќна беше и неговата ќерка Анеса. Во разговорот со нив, ни ја пренесоа позитивната енергија и возбуда.
Зулкадер честопати ја предизвикува среќата со инстант лозови на Државна лотарија, и тоа секогаш од продажното место на Државна лотарија што се наоѓа во трговскиот центра Палма мол во Тетово, каде што Зулкадер е и вработен.
Со задоволство се навративме на среќниот ден, Зулкадер ни раскажа дека во друштво на колегите купил три инстант лоза Доме сладок доме, но решил да ги изгребе дома со сопругата и ќерката. Бројот 37 на еден од лозовите Доме сладок доме ги одведе до главната премија. Првата реакција била шок и неверување, по што веднаш се упатиле до продажното место на Државна лотарија каде што ја потврдиле добивката. Следувале бројни повици и честитки од неговите колеги во Палма мол.
Државна лотарија, на семејството Фезули му посакува среќен, хармоничен и исполнет дом, а ние ги очекуваме новите среќни приказни.
Стан за 100 денари, да и тоа е можно со инстант лотаријата на Државна лотарија.