Креативни начини како подобро да го организирате и одржувате вашиот фрижидер
- Детали
- среда, 20 април 2022
Што најмногу користите во вашата кујна? Вашиот фрижидер, се разбира! Кујната е срцето на домот, па токму затоа изборот на совршен фрижидер е толку важен. Но, за комплетно уживање потребно е максимално користење на просторот и паметна организација. Што велите за оптимизирање на времето поминато во кујна?
Најфреквентното место во домот е кујната. Поточно фрижидерот. Во просек, дневно го отвораме околу 20 пати. Некогаш од потреба, некогаш од чиста здодевност, но факт е дека сите на свој начин имаме посебна врска со фрижидерот. Имајќи го ова во предвид Samsung го дизајнираат Bespoke – најдоброто кога станува збор за избор на фрижидери. Прилагодени на сечиј стил на живот може да се користат како единечен модул со една целосна врата, но доколку ви е потребен повеќе простор, може да комбинирате и повеќе модули, вклучувајќи и модел со една целосна врата или модел со две врати. Благодарение на функцијата - метално ладење оптимална температура во фрижидерот постојано се одржува, па така храната останува свежа, дури и ако често ја отворате и затворате вратата.
Дали некогаш сте ставиле нешто во фрижидерот посакувајќи да имате повеќе простор? Или наместо свежа храна лесно пристапна и на дофат на рака, се чувствувате небаре отворате еден огромен хаос? Со помош на следниве неколку практични и неверојатно креативни совети, но и благодарение на совршениот дизајн на Bespoke фрижидерот кој е флексибилни и однадвор и одвнатре, можете да ја прилагодите внатрешноста, како и надворешноста.
Реверзибилната врата овозможува да оберете во која насока сакате да се отвора вратата на фрижидерот. Ова значи дека секогаш ќе се вклопува совршено во изгледот на кујната. Насоката на отворање на вратата може да се смени со едноставна промена на шарките. Така, се вклопува речиси секаде и овозможува дополнителна флексибилност да комбинирате модули на разни начини.
Добрата организација ќе ви помогне да заштедите и време и пари, а следниве трикови во комбинација со врвните карактеристики на Bespoke ќе ви го направат животот полесен!
1. Специјална зона за закуски
Благодарение на уникатната технологија SpaceMax™, со Bespoke фрижидерите секогаш ќе имате можност да кладирате повеќе храна во пространата внатрешност. Технологија SpaceMax™ користи посебна високо-уретанска изолација која овозможува ѕидовите да бидат многу потенки, без да се наруши енергетската ефикасност. Така, се создава многу поголем внатрешен простор без да се зголемат надворешните димензии.
Имајќи го ова предвид можете слободно да создадете зона за ужинка во фрижидерот полна со грицки и пијалоци погодни и достапни за деца. Наполнете ја преградата со здрави закуски за вас и вашите најмили и во секое време имајте при рака вкусна закуска. Чувањето на овие закуски и пијалаци на едно место ќе ви помогне да знаете кога е време да ја дополните залихата!
2. Замрзнувачот нека биде организиран со помош на прегради
Да бидеме искрени, сите знаеме дека фиоките во замрзнувачот секогаш се полни со храна која неретко забораваме и дека ја имаме. Решение? Секоја фиока нека ви биде за посебна намена – месо, зеленчук и друга замрзната храна. Плус доколку ставите неколку пластични прегради помеѓу добивате прегледност во секое време. Нема повеќе копање во дното на замрзнувачот за одамна изгубената храна! Причина повеќе да го одберете Bespoke? Неговата совршена компатибилност ја покажува и конвертибилен замрзнувач/фрижидер.
3. Флексибилно складирање на храната
За време на празниците (особено кога ги поминуваме заедно со најблиските и пријателите) готвењето огромна количина на храна е сосем невозможно да се изведе во еден ден. Токму затоа потребно е паметно да готвиме - ја подготвуваме храната неколку дена однапред и ја складираме во фрижидерот без да се грижиме дека истата ќе изгуби од својата свежина. Се грижите дека нема да имате доволно простор? Со Bespoke фрижидерот имате шанса за флексибилно складирање. Што значи тоа? Лесно може да го претворите замрзнувачот во фрижидер по потреба и да го оптимизирате начинот на користење на целиот простор.
Дополнително, со No Frost нема да трошите време и енергија одмрзнувајќи го фрижидерот. Технологијата No Frost ја подобрува циркулацијата на воздухот за да одржи постојана температура, што спречува наталожување мраз. Исто така, многу побрзо ја постигнува посакуваната температура. А и многу помалку го заморува системот за ладење, па така тој трае подолго.
4. Замрзнете ја храната за неколку секунди
Не мора да се грижите дека ќе ви се потроши мразот на сред забава, со Bespoke можете да ја замрзнете храната или направете мраз за секунда! Со само едно копче, функцијата Power Freeze автоматски ја поставува температурата на замрзнувачот на најниското ниво и создава брз интензивен бран на ладен воздух. Одличен е за замрзнување или чување замрзната храна, како сладолед, и брзо правење мраз. Плус, тука е и тенкиот ледомат кој е вграден во вратата на фрижидерот, така што овозможува драгоцен дополнителен простор за складирање, ослободувајќи место во замрзнувачот. И покрај тоа, може да собере многу мраз, а преку проѕирната преграда лесно може да видите уште колку мраз останало.
5. Чувајте ги остатоците од храна во теглички
Дека Bespoke е најдобриот избор кога станува збор за фрижидери го потврдува и фактот што благодарение на опцијата за сеопфатно ладење овозможува сета храна да се лади соодветно. Системот за сеопфатно ладење подеднакво го лади секој дел од еден агол до друг. Постојано ја проверува температурата и циркулира ладен воздух низ стратешки поставените отвори. Така, храната се чува на оптимална температура и останува посвежа подолго. Повторно зготвивте храна повеќе отколку што може да се изеде? Не грижете се. Малите пластични кутии и тегличките нека ви бидат најдобриот пријател. Не само што храната ќе остане свежа подолго, туку ќе биде и веднаш подготвена за да ја загреете кога ќе сакате повторно да ја јадете. Плус, не одземаат многу простор и дефинитивно не се валкаат. На овој начин полиците во фрижидерот секогаш ќе бидат средени и организирани.
6. Време е за темелно чистење
Сте помислиле ли некогаш дека чистењето на задниот дел на фрижидерот може да биде неверојатно лесно. Bespoke фрижидерите благодарение на функцијата Clean Back ви овозможуваат полесно чистење на задниот дел од фрижидерот. Clean Back е целосно мазна безбедносна прекривка за клучните жици и кабли. Изгледа навистина педантно и лесно може да се избрише, а овозможува и дополнителна трајност. Спречува наталожување нечистотија околу деловите и ги штити од удари.
Повеќе информации за Bespoke фрижидерите можете да најдете на линкот.